Насловна / Архитектура / „Île de la Cité“ – град во градот

„Île de la Cité“ – град во градот

Pariz-Il d a Site

По многу години одбивање, конечно проектот за ревитализација на природниот остров на реката Сена во Париз, „Île de la Cité“ го добива своето заслужено место. Проектот на Dominique Perrault и Philippe Bélaval има за цел да го врати животот во „Île de la Cité“, чиј број на жители од деценија во деценија се намалува.

Pariz-Il d la site plan star

Во текот на деветнаесеттиот век кога станбените објекти и активности се заменети со големи јавни институции, островот постепено се претворал во административно чудовиште.

Pariz, Il d la Site - vizija

Денес, со делумното преместување на зградата на Судот („Palais de Justice“), полицијата („Préfecture de Police“), најстарата болница и „Hôtel-Dieu“ во други делови на градот, се остава простор на пренамена на објектите во кои претходно биле сместени овие институции. Целта на проектот е да се предложи нова иднина за „Île de la Cité“, спомен острово сместено во самото срце на Париз, за наредните 25 години.

Pariz-Il d la Site vizija1[

Овој предлог значи дека островот влегува во нов историски период. Последната урбана адаптација на островот ја предводел Баронот Haussmann во 19 век. Интензивната фреквенција на посетители кон културните и туристички локации во близината, не се доволни за враќање на животот на островот, па затоа демографијата бележи постојан пад. Денес, постои можност да се започне нова страница во историјата на „Île de la Cité“.

Pariz-Il d la Site1

Генерално, во овој период Париз доживува низа клучни промени, особено во пресрет на Олимписките игри во 2024 година. Урбанистичкиот проект кој во овој конкретен случај е претставен, предлага развивање на „остров – споменик“.

Pariz-Il d la Site karta

Интересот на овој пристап е да се искористи силата на проектот кон надминување на бројните бариери од различен карактер со истовремено обезбедување на суптилност на архитектонските интервенции, кои ќе имаат за цел почитување и потенцирање на ова наследство заштитено од УНЕСКО.

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top