Италијанскиот бренд за мебел Kartell произведува „целосно одржлива“ верзија на својата најпродавана единица за складирање Componibili направена од биопластика.
Брендот, кој е специјализиран за пластичен мебел и домашни потребштини, го создал ова интересно парче заедно со италијанскиот производител на биопластика Bio-on.
Ажурираната единица е произведена од нова биопластика направена од земјоделски отпад и наречена е CL по претседателот на Kartell, Claudio Luti.
„Истражувањето е нашата мисија и продолжуваме да експериментираме со цел да ги комбинираме иновациите и дизајнот“, вели Luti и додава:„Соработувавме со Bio-on за да можеме да понудиме висококвалитетен биопластичен производ, а одлучивме тоа да го направиме на еден од нашите историски производи [кој е] меѓу најпризнаените во светот“.
Единицата за складирање Componibili, која има цилиндрична форма со лизгачки панели, за прв пат е создадена од италијанската дизајнерка и ко-основач на Kartell, Anna Castelli Ferrieri во 1960-тите.
Во тоа време фален за својата иновативна употреба на ABS пластика обликувана со инјектирање, парчето набрзо станало икона на модуларниот дизајн на мебел и му помогна на Kartell да ја воведе пластиката на домашниот пазар на мебел.
Биопластиката што се користи во новата верзија се произведува кога земјоделскиот отпадот ферментира од бактерии за да се добијат природни полиестери наречени линеарни полихидроксиалканоати (PHA).
„Пазарот сè повеќе бара во се што работиме да водиме сметка за животната средина“, велат од италијанската дизајнерска компанија.
„Одржливоста отсекогаш била дел од пристапот на Kartell, со производ кој целосно може да се рециклира и Greenguard сертифицира за ниски емисии“, се вели во извештајот.
„Нашето истражувачко патување сега продолжува во биолошкиот свет, претставувајќи, за прв пат, подготвен за купување производ од овој материјал“.
Компанијата тврди дека материјалот е отпорен на оштетувања од вода и топлина за време на употребата и вели дека е 100 отсто биоразградлив на копно, во реки и во мориња.
Одржливата верзија на модуларната единица за складирање е достапна во четири бои: зелена, розова, крем и жолта, а производот може да се нарача онлај и чини 235 евра.
Меѓутоа, одлуката на Kartell да развие поеколошка алтернатива на своите пластични производи доаѓа во време кога одржливоста на биопластиката е под лупа, бидејќи има тврдења дека потенцијално би можела да биде полоша за животната средина од конвенционалната пластика.
Според експертот за рециклирање Аrthur Huang, тоа е затоа што биоматеријалот може да ги направи почвата и водата покисели кога се рзградува.
Истражувачите исто така откриле дека кесите направени од таканаречената биоразградлива пластика остануваат недопрени три години откако биле закопани под земја или фрлени во морето.