Шведскиот производител на мебел ИКЕА започна со продажба на фотоволтаични модули во Полска. Со оглед на фактот што се работи за производ кој е кршлив и сложен за инсталација, ИКЕА во овој случај направи исклучок од своето правило „направи сам“. Компанијата обезбедува стручна инсталација на модулите кај своите купувачи. Во моментот Полска е четврта земја во која ИКЕА ја нуди својата фотоволтаична опрема, откако компанијата веќе се појави со овој свој производ на пазарите во Велика Британија, Швајцарија и Холандија.