Шведскиот ланец на продавници за мебел IKEA, најави дека ќе вложи околу 100 милиони евра за поддршка на своите директни добавувачи да поминат на обновливи извори на енергија. Сопственикот на брендот Inter IKEA, соопшти дека планира да вложи и околу 100 милиони евра во проекти за отстранување на јаглерод диоксидот од атмосферата преку пошумување и заштита на шумите. Овие вложувања се дел од настојувањата на IKEA да стане климатски позитивна, односно до 2030 година да придонесе за намалување на поголема количина на емисии на стакленички гасови отколку што емитува. IKEA произведува околу 10% од сопствениот асортиман, додека останатото го набавува од околу 1.000 различни добавувачи.