Насловна / Вести / ИКЕА со „нулта“ емисија на синџирот на испорака до 2020 во пет градови

ИКЕА со „нулта“ емисија на синџирот на испорака до 2020 во пет градови

Компанијата ИКЕА планира воспоставување на систем за дистрибуција без емисии на стакленички гасови во Амстердам, Лос Анџелес, Њујорк, Париз и Шангај до 2020 година. Кога станува збор за мерки за заштита на планетата, за шведскиот гигант ова воопшто не е новина.

ikea2

Компанијата веќе го запре производството на уреди без ЛЕД технологија, и постојано се обидува да најде нови прдизвици во борбата со климатските промени. Од раководството на ИКЕА истакнуваат дека нивниот фокус е насочен кон еколошки и одржлин начин на производство и дистрибуција на производите. Во тој контекст е планот за „нулта “ емисија на дистрибутивните синџири преку користење на електрични возила, но и со други одржливи начини на испорака на производите.  Најпрво ваквиот концепт ќе се примени во петте претходно споменати градови. Во Индија, за достава веќе се користат рикши на соларен погон.

ikea3

Испрати коментар

Scroll To Top