Насловна / Вести / IKEA со креативни инструкции за однесувањето во време на пандемија

IKEA со креативни инструкции за однесувањето во време на пандемија

Различни светски брендови им порачуваат на своите купувачи не само да применуваат “социјално дистанцирање“ во текот ан пандемијата, туку и да останат дома. Меѓу нив е и шведската компанија IKEA. Имено,  IKEA креирала сопствени инструкции по примерот на оние за склопување на нивниот мебел, и објаснува чекор по чекор што треба да се прави. Сите се сложуваат дека ова се наједноставните инструкции од овој бренд. На овие инструкции пишува Stay Home, а како потребни алати се наведени клуч, брава и 100 ролни тоалетна хартија, нешто што во моментот највеќе се купува ширум светот. Подолу, има илустрации на отворена врата како погрешен, и затворена врата како правилен избор. Овие инструкции ги објави IKEA во Израел, и тоа преку социјалната мрежа Facebook. „Не е комплицирано, само останете дома“, стои во описот.

stayhome2
stayhome1

Испрати коментар

Scroll To Top