Насловна / Архитектура / ИКЕА произведува засолништа за бездомници

ИКЕА произведува засолништа за бездомници

Компанијата ИКЕА произведе 10.000 привремени живеалишта за бездомниците, бегалците од војни и луѓето што ги загубиле своите домови во природни непогоди. Овие живеалишта ќе бидат дистрибуирани на глобално ниво во текот на 2015 година.

икеа-1

икеа-2

Прототипот на дизајнот на ваквиот тип засолништа првпат беше откриен во 2013 година и тестиран на повеќе од 40 семејства кои побегнале од Ирак и Етиопија.

икеа-3

Животниот век на овие домови се очекува да биде до три години. Тие се многу подобро изолирани и поиздржливи од обичните шатори. Вкупната површина на едно живеалиште изнесува 17,5 м2 и во него може да се вдомат до пет луѓе.

икеа-5

икеа-6

Конструкцијата на овие бараки е изработена од лесни панели со добра темичка изолација, зацврстени за челична рамка. На покривот се поставени соларни панели кои обезбедуваат доволно енергија за осветлување на внатрешноста на просторот. Истата структура може да биде надградена со додавање на ѕидови или метален покрив.

икеа-13

икеа-14

Овој проект претставува еден сензибилен и интелигентен пристап кон градењето на засолништа и е пример како дизајнот може да биде искористен за хуманитарна вредност, и се очекува да има големо позитивно влијание врз луѓето што останале без своите домови.

икеа-7

икеа-9

икеа-10

Испрати коментар

Scroll To Top