Шведската компанија „Икеа“ повлекува 29 милиони комоди со фиоки од продажбата во Северна Америка, откако шест деца починале бидејќи парчиња мебел паднале врз нив.
Компанијата што произведува и продава опрема за домот, минатата година ги предупреди купувачите дека сите комоди од овој тип треба да бидат прицврстени во ѕидот како би се спречило нивно превртување, и дека секој што го има тој дел од мебелот и не му е прицврстен треба да го тргне од деца.
„Икеа“ нуди бесплатни комплети за прицврстување на овој мебел за ѕид. Купувачите, исто така, може да бараат од „Икеа“ враќање на парите.
Американската Комисија за безбедност на производи наведе дека загинале најмалку шест деца, на возраст од три години или помалку, кога врз нив паднала една комода на „Икеа“.
„Икеа“ наведува дека нема да ги повлекува комодите од Велика Британија и Ирска, пренесе Би-би-си.