Добро е познато дека „Икеа“ нуди мошне практични парчиња мебел, но за многумина нивната монтажа е навистина проблематична. По неколку години размислување на оваа тема, компанијата конечно го решила и овој проблем, па воведува на пазарот мебел кој е уште поиздржлив но и многу поедноставен за монтажа отколку досега.
Она што е револуционерно и иновативно во овој концепт е системот на посебно склопување без завртки и без алат. Освен што се направени сериозни заштеди во производството, сега купувачот има помалку грижи со монтажата.
Овој тип на склопување првпат е користен кај нивните орманчиња од 2014 година, а квалитетот и ефикасноста што се покажале во овој случај, биле добра причина да се продолжи во тој правец. На овој начин, компанијата уште повеќе го приспособува модерниот мебел на брзиот и практичен начин на живот.