Во продавниците на ИКЕА ширум Европа, од овој месец во продажба е sladda велосипедот, првиот велосипед на овој трговски гигант.
Дизајнерите Оскар Џуин, Кристијан Ејк и Јан Пуранен дизајнираа велосипед кој е наменет за возрасни луѓе и за деца постари од 12 години.
Велосипедот е во бела боја, со препознатливиот минималистички дизајн и без стандардниот ланец.
Sladda, што на шведски значи „период на транзиција“, наменет е за возење надвор од градот, а со алуминиумската рамка доаѓа и гаранција од 25 години.
Овој велосипед веќе ја освои наградата Red Dot Design. На велосипедот, од предната страна можете да додадете корпа или на задната страна да закачите приколка, со што ќе можете да ги возите вашите деца или да пренесувате различни работи.
Цената на велосипедот изнесува 499 до 750 евра.