Шведскиот трговски ланец IKEA планира да инвестира две милијарди евра во развој и изградба на нови продавници во Русија до 2020 година.
„Бројот на оние што ги посетуваат продавниците на IKEA во минатата година порасна за два отсто, и покрај забавувањето на светската економија“, рече претставникот на IKEA, Џон Тегнер.
Тој напомена дека за IKEA Русија е еден од најперспективните пазари, а освен во Русија за шведската компанија значајни се и пазарите во Кина, Шведска и Полска.
На глобално ниво, IKEA планира да вложи во наредните пет до седум години три милијарди евра во изградба на нови продавници, вклучително и инвестициите во Русија и Кина.