Насловна / Вести / ИКЕА отвора нови продавници во регионот – ниедна во Македонија

ИКЕА отвора нови продавници во регионот – ниедна во Македонија

1
По отворањето на големиот трговски центар на ИКЕА во Загреб, предвидено за утре, шведската компанија планира да отвори уште седум објекти на просторот на поранешна Југославија. Ниедна во Македонија.

Љубљана и Белград се сигурни локации, а постои можност за отворање продавници и во Ријека, Сплит, Нови Сад и Ниш, потврди за словенечкиот весник „Финанце“ претставникот на ИКЕА за Словенија и Хрватска, Игор Штефанич.

Покрај еден во Словенија и два во Хрватска, во Србија би требало да се изградат пет објекти, додава Штефанич.

ИКЕА исто така има намера идната година да почне изградба на љубљанскиот центар на 84 илјади квадратни метри земјште, кое треба да го купи од Триглав.

Еден коментар

  1. A i sto keni e IKEA ,si imame nie mnogu JAKI stolari, mutivodi …i slicni specijaliosti za se. A mozebi e i nekoj “medjunaroden zagovor”…

Испрати коментар

Scroll To Top