Заборавете на се што сте мислеле дека знаете за брендот ИКЕА. Упорно фокусиран на минимализмот и пристапноста во цените, познатиот шведски производител на мебел претстави една нова и сосема неочекувана колекција.
Во соработка со британскaта дизајнерка за машка облека Katie Eary, ИКЕА претстави лимитирана колекција Giltig, која е веќе достапна во нивните продавници.
Земајќи го предвид авангардниот потпис на дизајнерката, колекцијата се состои од додатоци во домаќинството, како што се кујнски прибор и текстил. Впечатливите графички решенија дигитално печатени на постелнини се привлечни како магнет. Мачки, риби или очно јаболко се најдоа на светилки, завеси, постелнини и прибори за јадење.
Дизајнерката била многу возбудена создавајќи ја колекцијата и сакала да додаде малку особеност во домовите на луѓето.
Giltig е првата колекција во низата успешни соработки кои ИКЕА планира за во иднина да ги реализира со познати дизајнерски имиња.