Познатата глобална компанија Ikea е во преговори за купување на земјиште во Љубљана. Планирањето да влезе и на словенечкиот пазар, го потврдија и од Ikea, но отворањето на продажен објект во оваа земја за оваа година не е во фокусот на ширењето на работењето. Првата продавница во Словенија би требало да биде отворена во сезоната 2016/2017 година.