Инвестициската група на шведскиот гигант „Икеа“ купила шума во југоисточна Џорџија за да ја заштити земјата и нејзиниот богат екосистем.
„Ингка груп“, која поседува и управувана со повеќето продавници на „Икеа“, купи речиси 4.500 хектари земја во близина на сливот на реката Алтамаха.
„Веруваме дека одговорно управување со шумите е можно и затоа чувствуваме голема одговорност кон земјата која ја поседуваме да ги обновиме шумите и да садиме повеќе отколку што земаме“, изјави за Си-Ен-Ен Кристер Матсон, еден од директорите на „Ингка груп“.
Тој објасни дека купувањето на овој имот ќе осигура дека земјиштето не се дели на помали парцели и се продава, туку дека ќе остане единствена шума.
Купената земја е дом на повеќе од 350 видови растенија и диви животни, вклучувајќи и загрозен вид бор и желка.
Локалните пилани ќе бидат поддржани и ќе се направи детален план за пошумување и сечење на шумите, а голем дел од шумата воопшто нема да биде достапен за дрвосечачите. Покрај тоа, јавноста ќе има на располагање голем дел од земјата за рекреација.
Пред Европејаните да емигрираат во Северна Америка, вид на бор рinus palustris покривал повеќе од 36 милиони хектари од јужна Вирџинија до Флорида и на запад сè до Тексас.
Сега, останало само 4 отсто од оваа шума, поради сечењето на шумите за градежен и индустриски развој и земјоделство.