На некои пазари, компанијата Ikea ќе ја испроба шемата “старо за ново“, во текот на ноември и декември, со цел намалување на загадувањето и давање на „нов живот“ на половниот мебел. Имено, шведската компанија најави дека во 27 земји, во периодот од 27 ноември до 3 декември, односно во време на предбожиќниот „црн петок“, ќе откупува половен мебел од сопствено производство, во замена за ваучери за купување во нивните продавници. Во зависност од состојбата во која се наоѓа половниот мебел, ќе се нуди попуст во вредност од 30 до 50%. Вака превземениот половен мебел, ќе има различна судбина. Мебелот кој е во добра состојба повторно ќе се нуди на продажба по посебни услови, дел ќе с едонира во проекти значајни за заедницата, а останатиот дел ќе се рециклира.
Ikea ќе дава попуст во замена за половен мебел
Целта на програмата е намалување на загадувањето кое настанува поради фрлање на стариот или несаканиот мебел, но и промовирање на повторна употреба на материјалите. Слични шеми веќе с еприменуваат на пазарите во Австралија, Белгија, Шведска, Франција и Јапонија. Ikea во Србија исто така спроведува програма за рециклирање под името „Втора шанса.