Во последниве денови, сè е некако во знакот на ИКЕА, а по повод нивниот 75-ти роденден, се претставија со посебен проект на vintage колекција Се работи за ограничена колекција со име Gratulera, а во прашање е линија која ќе се состои од реинтерпретирани парчиња мебел изработени во периодот од 50-тите до 90-тите години на минатиот век.
Идејата за одбележување е во следните неколку месеци да се појавуваат колекции, кои всушност, ќе бидат претставници на секој период од ИКЕА. Целата приказна започнува во август, кога ќе се однесува на 50-тите и 60-тите години на 20 век, а во октомври, фокусот ќе биде на 70-тите и 80-тите години, кога повторно ќе доминираат во столици од жица, шарени puffy софи и низ други примероци. Месец декември, ќе биде резервиран за периодот од 90-тите години, кога ИКЕА максимално го прифатил минималистички стил и израз.
Она што е интересно е да се напомене дека нивниот сегашен дизајн не за разликува од оној кој доминирал пред неколку децении, а тоа е само доказ дека добриот дизајн е навистина безвремен, барем во нивниот случај.