Насловна / Урбанизам / Мостовите на амстердамските Борнео и Споренбург

Мостовите на амстердамските Борнео и Споренбург

mostovi_thumb.jpgРечиси без исклучок, архитектурата и урбанизмот претставуваат огледало на менталитетот на народот во определен град или
држава. Холанѓаните отсекогаш биле препознатливи по својот слободноумен дух и креативноста која ги довела до идејата
за вечното „крадење“ на земја од Северното Море со цел да бидат изградени уникатни градови на северното европско тло.

Амстердам претставува
еден од смелите потфати
на холандските визионери
и претставува пример како
една рибарска населба може
да прерасне во стратешко
пристаниште од светски размери.
Создаден со брана на реката
Амстел во доцниот дванаесети
век, за само неколку века подоцна,
благодарение на трговијата
по воден пат, во 15 и 16 век,
тој стана еден од водечките
економски центри во Европа.
Инвентивните холандски
архитекти, пропуштајќи ја
реката низ тесните канали,
направија градот постепено
да расте, формирајќи една
зраковидна мрежа на канали,
која ги опслужува куќите
наредени во низа, паралелна
со нив. Истовремено се градат
и бедеми од сите страни на
градот, а околу нив се остава
водотечението. Од северната
страна се градат дополнителни
заштитни дрвени платформи
и бедеми кои ќе го осигураат
градот од можните напади од
Северното Море. mostovi_3.jpgНа овој начин,
безбедносно осигуран и одлично
позициониран во трговско-
географска смисла, тој го одржува
и го овозможува сопствениот
континуитет низ вековите.
Во времето кога македонските
револуционери се подготвуваат за
Илинденското востание, во истата
„деветстотрета“ Хендрик Петрус
Берлаге, амстердамскиот архитект
и урбанист го предложува својот
прв план за јужното проширување
на градот. Во планот, јужниот
дел од Амстердам е предвиден
како Град-градина изолиран
од остатокот на градот. Поради
недоволна густина на населеност
и отсуството на директна врска
со остатокот од градот, во 1919
година Берлаге го изработува
новиот урбанистички план, овојпат
прифатен од општинските власти.
Новите предложени сообраќајни
оски во форма на буквата Y, како
и новата железничка станица
Минерва и Олимпискиот кварт
го обезбедуваат понатамошниот
раст на Амстердам и
претставуваат одлична матрица
за идните урбанисти.
Градот во деведесеттите години
од минатиот век продолжува да
се шири и кон источните делови
кои дотогаш претставуваат дел
од гигантското пристаниште.
Типичните издолжени блокови
на Берлаге и контрастот
на затворените дворови и
атрактивните тесни фасади
ориентирани кон каналите се само
појдовна идеја за архитектонското
студио „Вест 8“ кое го изработува
деталниот урбанистички
план на два полуострови
(Борнео и Споренбург) во
источниот дел од Амстердам,
предвидени за домување.

Полуострови на остров

Пресметано со холандската
мерна единица за времетраење,
Борнео и Споренбург се наоѓаат
на 15 „велосипедски минути“
од центарот на Амстердам.
„Вест 8“ понуди решение со
2.500 домувања, распространети
на двата полуострови, со два
типа станбени згради: ниски,
густонаселени станбени низи
и пацио-куќи, интерполирани
со три значајни лендмаркови
на овој кварт. mostovi_2.jpgТоа се големите
скулптурални блокови: „Китот“,
„IJ“ Кулата и Фонтејнхед.
Иницијативата за проширување на
градот на Борнео и Споренбург
започнува во 1995 година кога
општината продава 60 парцели
на индивидуални корисници по
пат на лотарија. Понатаму, на
усвоениот детален урбанистички
план се изработуваат проекти од
страна на голем број архитекти
кои се базираат на одредбите
зададени од „Вест 8“. На пример,
за пацио-куќите беше потребно
да се предвидат 30-50 проценти
празен простор за секоја куќа.
Празен простор кој ќе овозможи
пробивање на светлина и во
исто време формирање на
приватен отворен простор.
Други критериуми пропишани
со деталниот урбанистички
план на кои беше потребно да
се води особено внимание се:
влезните партии, паркирањето,
приватниот отворен простор,
меѓукатната височина, ширината
на парцелите, материјализацијата
на објектите, терасите и водниот
фронт. Значаен параметар зададен
28 јануари 2011 ПОРТА3 39
39
урбанизам
со планот е да се проектираат
објектите од страна на стотина
архитекти за да се постигне една
разноликост во конечниот изглед
на овој кварт. На тој начин и овој
дел на Амстердам би ја зачувал
индивидуалноста, спокојството,
а истовремено би постигнал
и густ степен на населеност.
За жал, само 10 проценти од
предвидената разноликост се
реализира и планот се сведе на 6
типови куќи од кои некои од нив
имаат долги хоризонтални низи
не остварувајќи ја разиграноста
што впрочем е и една од одликите
на уникатната традиционалната
амстердамска архитектура.
Што се однесува до
функционалното зонирање на
овој план, околу 90 проценти
припаѓаат на домувањето, а
зелениот простор е всушност
единствената дијагонална
оска поставена на северниот
полуостров која го скратува
пешачкото и велосипедското
движење кон центарот на градот.
Исто така, постојат и трговско-
угостителски содржини кои се во
рамките на базичните потреби
на жителите на оваа населба.
Изградените структури (ниските
станбени низи и скулптуралните
блокови) не би биле тоа што
се без присуството на двата
извонредно естетски мостови
кои ги поврзуваат Борнео и
Споренбург. Направени од
црвен челик со дрвени скалести
платформи, овозможуваат
непречена комуникација
помеѓу полуостровите, а со
тоа и со остатокот од градот.
Тие се различни по својата
височина, но и двата го имаат
футуристичкиот дизајн во себе
и на некој начин претставуваат
и дел од јавниот простор на
населбите Борнео и Споренбург,
овозможувајќи на своите
највисоки точки да се добијат
одлични визури врз целиот кварт.

Истакнување на водата
како феномен

Меѓутоа не смее да се заборави
и водниот фронт на станбените
низи на овој источен кварт на
Амстердам. Водата како феномен,
амстердамците низ векови ја
третираат со извонреден респект,
но истовремено и со потценување,
ако се земе предвид постојаното
„исушување“ на Северното Море
во потрага по парче земја повеќе.
Каналите што концентрично го
опкружуваат централното урбано
јадро на оваа холандска метропола
претставуваат визионерски
концепт на еден од првите
урбанистички планови создадени
во Северна Европа. Со вкупна
должина повеќе од 100 километри,
90 острови и околу 1.500
мостови, каналите на Амстердам
формираат една импозантна,
кохерентна и оригинална урбана
целина. Ги употребувале за
најразлични потреби: одбрамбени,
сообраќајно поврзување со
куќите во низа паралелна со
каналите, за превоз на пазарни
добра, а денес каналите се едни
од најпосетуваните туристички
атракции на Амстердам.
Водниот фронт на населбите
Борнео и Споренбург има многу
допирни точки со оваа стара
традиционална амстердамска
архитектура. Имено, низите во
оваа нова населба се поставени на
тој начин што секоја куќа со едната
фасада излегува на вода. Дури
еден дел од јужниот полуостров
излегува буквално на вода, како
и некои од куќите во стариот
Амстердам. Меѓутоа, кај новата
населба имаме тотално зачувување
на интимата и спокојството и
покрај отвореноста кон водните
пространства на каналите.
Тука, сопствениците на куќите
имаат можност за користење
на повеќе типови сообраќај,
меѓу кои највеќе се стимулираат
еколошките, а тоа се велосипедот
и малите пловила. Постоењето
на таков избор значително
го подобрува квалитетот на
живеење на оваа населба. Со
современата интерпретација
на традиционалната холандска
урбанистичка мисла во Борнео
и Споренбург се постигнува
една импозантна структурална
композиција во која се
отсликуваат сите карактеристики
на оваа северноевропска
нација: слободоумност,
уникатност и пркос.

Александар Андоновски

mostovi.jpg

 

Испрати коментар

Scroll To Top