Насловна / Архитектура / Постојана потрага по македонските мајстори-градители

Постојана потрага по македонските мајстори-градители

krum_tomovski.jpgЧеста прв да ја добие наградата
“Андреја Дамјанов”
во 1990 година му припадна на
академикот Крум

Томовски. Врачувањето на наградата на Томовски има некаква симболика. Зашто, во својата работа Томовски голем дел посвети токму на протомајсторот и неговото наследство што значи дека тој е еден од најдобрите познавач и на неговото дело. Обработувајќи ја народната архитектура, Томовски постојано е во потрага по македонските мајстори-градители, посебно по нивното творештво во другите балкански земји. Така трагајќи тој го откри и го претстави големиот градител од 19. век Андреја Дамјанов уште во 1959 година, а во 1966 објавена е и монографија за него. Кулминација беше меѓународниот симпозиум одржан во март 1999 година, посветен на делото на Дамјанов.

 

 Објавено во број 101Сабота 28.02.2009г.

Испрати коментар

Scroll To Top