Скопје – Општина Центар утринава почна со поставувањето на двете спомен-обележја „лав“ на јужната страна од мостот „Гоце Делчев“, од авторите Елена и Дарко Дуковски.
Лавовите се високи пет метри и пет тони тешки, а излеани се во бронза во леарницата „Фернандо Маринели“ од Фиренца. Лавовите се поставени на армирано-бетонски постаменти, со висина 3,5 метри, ширина 2,4 метри и должина 5,5 метри, изработени од фирмата „Бетон“.
– Армирано-бетонските постаменти ќе бидат обложени со камен травертин и
релјефи од бронза, а околу постаменти ќе има партерно уредување. Цената
на двата лава изнесува 1.150.000 евра, соопшти општина Центар.
Оттаму информираат дека останатите два лава се очекува да бидат
поставени до крајот на неделава.
На постаментите недостигаат уште релјефите, кои се скоро готови.
Релјефите ќе бидат со мотиви од ајдутството и комитството. На нив ќе има
вкрстени нож и револвер, кои се симболи на знамињата од тој период. На
релјефите ќе бидат испишани имињата на хероите кои немаат свои
скулптури, како што се Сирма Војвода, Дедо Иљо Малешевски, Димитар
Поп-Георгиев Беровски, Питу Гули, Васил Чакаларов, Панде Кљашев,
Партенија Зографски и Григор Прличев.
Авторот Дејан Дуковски изјави дека лавот како симбол се појавил уште
пред нашата ера, па се до денес, а идеја им била да направат реалистичен
лав во стражарска положба. Дуковски и неговата сопруга лавовите ги
изработувале 1,5 година. (МИА)