Насловна / Вести / Полнењето на „Кнежево“ започнува напролет

Полнењето на „Кнежево“ започнува напролет

123_porta3_img_3.jpgОвој регионален хидросистем ќе обезбедува вода за шест општини: Кратово, Пробиштип, Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово, односно за 110.000 жители во нив.

 

Точно на еден ден пред истекот на старата година градителскиот конзорциум „Бетон-Гранит“ ја заврши изградбата на браната „Кнежево“, најтешкиот дел од реги-оналниот хидроситем „Злетовица“. Се работи за исклучителен градител-ски потфат во кој учествуваа и низа подизведувачи како кратовски „Силекс“ и скопски „Макметал“.
Браната е од камено-насипен тип, во неа е вграден материјал од 1,5 милиони кубни метри, висока е 75 метри, должината на круната изнесува 290 метри, а на водното огледало 3,5 километри. Најголемата широчина е 1.800 метри, а ќе бидат акумулирани 23,5 милиони кубни метри вода. „Исклучително сме задоволни од фактот дека вака голем и значаен проект го завршивме со задоцнување од само шест месеци што говори дека македонската оператива има капацитети за големи остварувања“ изјави Стојан Миланов, директор на ЈП ХС „Злетовица“. Првиот човек на хидросистемот потенцира дека полнењето на браната ќе започне оваа пролет, а треба да се наполни до крајот на годинава.

 

Повеќе во број 123, Петок 29.01.2010 г. 

Испрати коментар

Scroll To Top