Скопје – Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во вториот квартал годинава во споредба со истиот квартал лани се повисоки за еден процент, за материјали за 0,3 проценти, а за вработените за 2,5 проценти.
Според Државниот завод за статистика, во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,4 проценти, за материјали се на исто ниво, а трошоците за вработените се зголемиле за 4,8 проценти. (МИА)