Насловна / Интервју / Поглед на Македонија низ хексагоните на пчелиното гнездо

Поглед на Македонија низ хексагоните на пчелиното гнездо

pogled_na_makedonija.jpgАндријана САВИЌ. Дизајнот на македонскиот павилјон е инспириран од
пчелиното гнездо. Тоа е земено како мотив за претставатa
за урбан живот во природата, што кореспондира со
источната филозофска мисла за хармонија помеѓу
урбаниот живот и природната средина. 

Гнездото
креира еден отворен простор кој остава можност за
мултифункционално користење, а се е презентирано
на ѕидовите. Самата обвивка составена од хексагонски
полиња е еден вид сценографија за постоечката сцена
внатре во пaвилјонот наменета за најразлични настани.

Половина милион луѓе од
целиот свет го посетија
македонскиот павилјон на
најголемата изложба, Експо 2010
во Шангај, Кина, од нејзиното
отворање на 1 мај до денес.
Павилјонот каде што посетителите
имаат шанса да се запознаат
со убавините на Македонија, е
изработен според проектот на
архитектката Андријана Савиќ.
Со концептот на пчелино гнездо,
формирано со хексагони во
кои се презентирани слики
за Македонија, таа наместо
одговор на прашањето што го
поставува Експо 2010, трага по
одговорот на нови прашања:
Дали супериорната архитектура
и инфраструктура се доволни
урбаниот живот да биде подобар,
или пак е потребно нешто повеќе,
со оглед на фактот што граѓаните
во современите градови се
соочуваат со проблемот на
отуѓеност и осаменост, а воедно
живеат во еколошки нездрава
средина? „Следно прашање кое
се поставува е кои вредности
треба новиот урбанизам да ги
промовира за да даде одговор
на современите проблеми. Или,
дали е возможно да се креира
нова идеологија на постоењето
и со тоа директно да се влијае
врз општеството? Архитектурата
и урбанизмот имаат директно
влијание во развојот на
општеството и на квалитетот
на животот на поединецот,
одговорност кон иднината,
како и во индивидуалната среќа
на граѓанинот “, вели таа.
Во павилјонот со дигитални
презентации се прикажани
македонскиот урбан континуитет,
започнувајќи од археолошките
локалитети Стоби, Хераклеја,
отоманскиот период, па се до
денес. Во просторот од 324
квадратни метри Македонија
е претставена под мотото
"Урбан Континуитет", како земја
со традиција за подготовка
на квалитетно вино и земја
на еколошката храна.
Во рамки на изложбата,
посетителите можат да добијат
информации поврзани со
туризмот и можностите за
развој на алтернативен туризам,
културен и монашки, местата на
археолошки локалитети на земјата
и сите видови нестандарден,
неконвенционален туризам, како
и рурален туризам. Исто така,
тие можат да видат автентични
традиционални ракотворби,
охридски бисер и традиционални
носии, да видат во живо како се
прави македонскиот филигран,
да се запознаат со техничките
достигнувања на Македонија
во енергетскиот сектор, со
објектите што се изградени
во земјава и со долгорочната
стратегија за развој на
енергетскиот сектор со акцент на
обновливите извори на енергија.
Во пресрет на 7 септември,
националниот ден на ЕКСПО 2010,
разговаравме со архитектката
Андријана Савиќ за симболиката
на дизајнот на павилјонот, за
начинот на неговата изведба, како
и за нејзините впечатоци од Кина.

pogled_na_makedonija_2.jpg

Што претставува
македонскиот павилјон?

– Дизајнот на македонскиот
павилјон е инспириран од
пчелиното гнездо. Тоа е земено
како мотив за претстава на
урбаниот живот во природата,
што кореспондира со источната
филозофска мисла за
хармонија помеѓу урбаниот
живот и природната средина.Гнездото креира еден отворен
простор кој остава можност за
мултифункционално користење,
а се е презентирано на ѕидовите.
Самата обвивка составена од
хексагонски полиња е еден вид
сценографија за постоечката
сцена внатре во пaвилјонот
наменета за најразлични настани.
На некои од хексагоните од
гнездото се поставени слики на
обични луѓе од македонските
градови, кои го живеат својот
едноставен живот полн со убави
моменти. Оваа обвивка со сликите
од луѓе поставени на некои
полиња од хексагоните треба да
асоцира поглед кон прозорците
на некој облакодер, само што тој
облакодер е пчелиното гнездо.

Поголем дел од посетителите
на павилјонот се интересираа
што значи расцветаната
јаболкница во просторот…

– Во центарот на просторот е
поставено расцветано дрво на
јаболкница, кое го симболизира
обединувањето во постигнување
одредена општествена цел, и
порачува дека во иднина треба да
бидеме обединети во зачувување
на природата за да ја обезбедиме
иднината на генерациите по нас.
Одржливиот развој е општествен
предизвик со кој се соочува
човештвото. Нашата порака е
подигање на свеста за личната
одговорност за грижа на другите
и за средината во која живееме.

Што всушност тоа значи?

– Со овој концепт наместо
одговор на слоганот ние
поставуваме прашање. Тоа
гласи: Дали супериорната
архитектура и инфраструктура
се доволни урбаниот живот да
биде подобар, или пак е потребно
нешто повеќе? Познато е дека
граѓаните во современите
градови се соочуваат со
проблемот на отуѓеност и
осаменост, а воедно живеат во
еколошки нездрава средина.
Следно прашање кое се
поставува е: кои вредности
треба да ги промовира новиот
урбанизам за да даде одговор
на современите проблеми, или,
дали е возможно да се креира
нова идеологија на постоење и
со тоа директно да се влијае врз
општеството? Архитектурата
и урбанизмот имаат директно
влијание во развојот на
општеството и на квалитетот
на животот на поединецот,
одговорност кон иднината,
како и во индивидуалната
среќа на граѓанинот.

Мотото на Експо 2010 е
„Подобар град, подобар
живот“, а неговата тема е
„Urban Continuity“. Изложбата
ја презентира идејата за
хармонија помеѓу човекот
и средината во која живее,
при што фокусот е ставен на
поединецот како креатор
на урбаната атмосфера.
Во каков простор требаше
да ја сместите Вашата
проектантска приказна?

– За градење на павилјонот
имавме на располагање 16 х
15 метри површина и 9 метри
височина, но поради инсталациите
во горната зона височината
мораше да ја намалиме на 8
метри. Требаше цел простор да се затвори и да се доживее како
еден волумен. За да се искористи
просторот што е можно повеќе,
во внатрешноста требаше да нема
столбови и преградни ѕидови,
поради тоа беше креирана
една висечка конструкција за
галерија, бидејќи целта ми
беше да направам простор
кој ќе може да се користи за
секакви намени, простор во кој
изложбените паноа подоцна
ќе се преобразат во сцени.

Вие работевте во Шангај
заедно со кинеските колеги
кога се правеа плановите
за финалната изведба на
павилјонот. Како е да се
работи во оваа земја?

– Кога пристигнав во Шангај,
требаше да направам избор
на материјали за изведба кои
ќе го дефинираат павилјонот.
Тоа не беше ни малку лесно.
Материјалите требаше да се
одберат на пазар кој се простира
на површина од 20 км2, каде
имаше буквално се. Kинезите
се добри трговци, па сите те
убедуваат да купиш материјали
од кај нив. Имавме ограничен
буџет, а постоеја некои стандарди
за Ехро кои требаше да се
задоволат. Она што мене ме
фасцинираше е начинот на работа
на Кинезите што работат од утро
до мрак. Условите за работа
беа многу полоши од условите
тука. Бироата не се грееа, а
луѓето седеа со јакни и работеа
од 8 -20 часот, без пауза. Таму
се се постигнува со многу труд
и многу работа. Во почетокот
не можев да се разберам со
вработените таму, потоа разбрав
дека тие се софтвер познавачи,
а не архитекти. Не постоеше
можност за комуникација помеѓу
вработените, но резултатите од
ваквата работа се фасцинантни.

На самата изведба на
павилјонот Вие не бевте во
Кина. Како комунициравте
со изведувачите?

– Тоа што јас не бев присутна
таму, многу ги усложни работите
затоа што со изведувачите
требаше да комуницираме преку
е- mail. Поради тоа имаше и некои
недоречености во изведбата.
Но, целата конструкција беше
изградена во рекордно време, за
само три недели. Јас бев убедена
дека тоа време е прекратко,
но на крај се излезе добро.

Испрати коментар

Scroll To Top