Насловна / Градежништво / Нови брани и хидроелектрани во Македонија

Нови брани и хидроелектрани во Македонија

hidrocentrali-vo-makedonija-thumb.jpgЗначително зголемување на производството
на енергија и на акумулациите на вода. Средногодишното производство на електрична енергија од новите хидроелектрани
би било 659,9 GWh или 330,1 kWh, што заедно со производството од постојните
хидроелектрани би било 1860,2 GWh или 930,1 kWh по жител во Македонија.

 

Во Македонија во тек е градба
или треба да отпочнат со
градба брани и хидроцентрали
со кои значително треба да се
зголеми производството на енергија
и волуменот на акумулациите
на вода. Во наредната табела
е даден преглед на браните и
хидроелектраните со основните
каркактеристики и година нa
предвидено завршување.

 

Средногодишното производство
на електрична енергија од
новите хидроелектрани би било
659,9 GWh или 330,1 kWh, што
заедно со производството од
постојните хидроелектрани би
било 1860,2 GWh или 930,1 kWh
по жител во Македонија.
На наредната слика е даден приказ
на местоположбата на новите брани.

 

„Св. Петка“

ХЕ „Св. Петка“ (претходно Матка
2) е алката што недостасува за
оптимално искористување на
хидропотенцијалот на реката
Треска. ХЕ „Св. Петка“ е лоцирана
меѓу новата ХЕ „Козјак“ (околу
16 километри спротивно од
„Св. Петка“) и постојната ХЕ
„Матка“, лоцирана низводно.
Објектот ХЕ „Св. Петка“ има
основна намена да го искористи
расположивиот хидроенергетски
потенцијал на истечните води
од ХЕ „Козјак“ и локалните води
од сливот на реката Треска, на
потегот од профилот ХЕ „Козјак“
до профилот ХЕ „Св. Петка“.

Освен горенаведената
намена, корисниот простор на
акумулацијата ХЕ „Св. Петка“
заедно со расположивиот корисен
акумулационен простор од
постојната акумулација „Матка“,
треба да овозможи постојано
пререгулирање на дневните истечни
води од ХЕ „Козјак“, (проектирана
и изградена да работи како врвна
електрана според дневните потреби
на конзумот), според потребите на
останатите водокорисници низводно
од ХЕ „Матка“ (водоснабдувањето,
наводнувањето, биолошкиот
минимум и други потреби). Како
енергетски објект ХЕ „Св. Петка“
практично ќе работи како проточна
хидроелектрана со истечните води
на ХЕ „Козјак“ во тек на денот,
пререгулирани и максимално
изедначени според барањата
на останатите водокорисници
низводно од ХЕ „Матка“.
Браната ќе биде двојна лачна брана,
со висина од 69 m, со должина
на круната од 118 m и со вкупен
волумен на браната 24.600 m3.
Вкупниот волумен на акумулацијата
е 9,1 x 106 m3. Должината на
акумулацијата е 11 km долж
реката Треска. Инсталираниот
капацитет на централата е 36,4
MW со две Францис турбини.
Годишното производство на
електрична енергија е 66 GWh.

hidrocentrali-vo-makedonija-1.jpg 

„Луково Поле“

Размислувањата за изградба
на браната „Луково Поле“ со
акумулација и доведување на
Корабските води во неа, се
последица на констатираните
преливања преку изградените
зафати на системот „Горна
Радика“, а со временски интервал
на траење повеќе од еден месец.
Тоа е посебно изразено на зафатот
„Црн Камен“ што истовремено
служи за регулација на протокот во
доводниот канал кон Мавровското
Езеро, па и преливањата преку овој
зафат се најголеми и најдолготрајни.
Основното техничко решение за
зафаќање и префрлање на нешто
повеќе од 2,0 м3/с вода (или вкупно
годишно 65.000.000 м3 вода) од
средногодишен проток од сливот
на Горна Радика, се состои во
изградба на браната „Луково
Поле“ и акумулација во која со
доводен канал се доведуваат
главно преливните Корабски води и
преливни води од повеќе зафатени
водотеци на системот „Горна
Радика“. На овој начин годишно ќе
произведат дополнителни 141 GWh
електрична енергија преку веќе
изградените три хидроцентрали
„Врбен“, „Вруток“ и „Равен “ и
новата хидроелектрана „Црн Камен“.

Браната со која ќе биде формирана
новата акумулција „Луково Поле“
е земјано насипна со висина од
78,5 м, должина во круната 286 м
и вкупен волумен од 1.5 х10 6 м3.
Акумулацијата ќе биде со вкупен
волумен од 35.800.000 м3.

hidrocentrali-vo-makedonija-2.jpg

 

(Продолжува)

м-р Славко Милевски,
дипл.град.инж.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top