Насловна / Дневни Вести / Подземна сообраќајница во Скопје

Подземна сообраќајница во Скопје

podzemna-soobrakjanica-skopje_thumb.jpgВладата
и Градот Скопје заедно ќе инвестираат во подземна сообраќајница за
растоварување на сообраќајниот метеж

Скопје – Растоварување на сообраќајниот метеж до 50 отсто
во шпицот во централното градско подрачје треба да овозможи новата подземна
сообраќајница која треба да се изгради од комплексот банки до булеварот
„Партизанска".

Инвестицијата е вредна 30 милиони евра, од кои 20 милиони
обезбедува Владата, а 10 милиони евра Градот Скопје преку издавање општински
обврзници.

 Станува збор за еден голем проект за Градот Скопје и за
Република Македонија каде што практично ќе се реши едно децениско прашање на
растоварување на сообраќајниот метеж во центарот на градот за стотици илјади
граѓани, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по потпишувањето
на
 Меморандумот за
соработка во делот на финансирање на проектот од областа на инфраструктурата –
подземна сообраќајница во Градот Скопје помеѓу Владата на Република Македонија
и Град Скопје.

Тој истакна дека проценка на Владата е да биде ангажирана и да учествува во реализирањето на
ваквите проекти бидејќи
 станува збор за значајни инфраструктурни проекти кои решаваат прашање на
стотици илјади граѓани и подобрување на животниот стандард, а од друга страна
ги надминуваат финансиските можности на Градот Скопје. – Затоа донесовме одлука
да учествуваме во изградбата преку финансиска поддршка со 20 милиони евра, рече
Ставрески.

Владата, како што најави, и натаму ќе остане посветена на
реализацијата на крупни стратешки
 инфраструктурни проекти кои се значајни и на краток рок во делот на
поттикнување на градежништвото, на индустријата,
 на економската активност, но и на долг рок за
решавање
 одредени
прашања во однос на инфраструктурата
 во градско или вонградско подрачје, за подобрување
на протокот на стоки и луѓе за полесно стигнување
 на и од работа. – Сметаме дека со сите параметри и со сите варијанти што се разгледаа оваа
подземна сообраќајница има големо стратешко значење за подобрување на
состојбите со сообраќајот во Градот Скопје, истакна Ставрески.

Градоначалникот на Скопје Коце
Трајановски истакна дека со ова
 градот ќе добие побрз, посигурен и поефикасен сообраќај. – Еден од
најголемите проблеми во градот Скопје е токму сообраќајот и тргнувајќи од тоа
Градот
 распиша тендер и
избра консултант за изработка на студијата за решавање на сообраќајот во Градот
Скопје за две клучни сообраќајници т.е. сообраќајницата која треба да го
поврзува делот од улицата „Партизанска" се до комплексот на банки и од „Климент
Охридски" до пластичарската улица, рече градоначалникот.

Сообраќајницата, која е во
должина од 1,7 километри,
 треба да почне да се гради следната година во летниот период. Треба да
заврши за 24 месеци. Градот треба да изработи инфраструктурен проект и да
објави тендер за изнаоѓање изведувач. Ќе има две сообраќајни ленти. Просечната
брзина на сообраќајницата ќе биде од 50 до 70 километри. Средствата што ги
обезбедува Владата ќе бидат
 дел од буџетот и дел од кредит, а  Градот во најголем дел ќе ги обезбеди средствата
со издавање
 обврзници и
од буџетот на Градот Скопје.

Вицепремиерот задолжен за
економски прашања Владимир Пешевски рече дека имало 10-тина решенија од кои е
избрано оптималното, при што се земени предвид безбедноста, проширување на оваа
сообраќајница во иднина и финансискиот критериум. Со
 растоварувањето на сообраќајот, како што рече тој,
во центарот на градот ќе биде намалена и загаденоста. (МИА)

 

podzemna-soobrakjanica-skopje1.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top