Насловна / Вести / Подготовка за електрана на ветер

Подготовка за електрана на ветер

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/arhitektura/131_statija5.jpgМинистерството за транспорт и врски распиша оглас за јавно наддавање, за давање под долготраен закуп на 40 години на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во општина Гевгелија, наменето за изградба на ветерни електрани. Предмет на јавно наддавање се 19 градежни парцели со вкупна површина од 22.800 квадратни метри. Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица, државјани на Република Македонија и правни лица, односно домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост и правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирано во Централен регистер на Република Македонија.

 

Заинтересираните физички и правни
лица пријавата за учество на јавното
наддавање треба да ја поднесат во
писмена форма, за секоја градежна
парцела поединечно, потоа доказ за
платен депозит, за физичките лица
уверение за државјанство, доказ за
регистрација на правното лице од
соодветен регистер, односно уредно
полномошно за полномошникот што го
претставува правното лице или физичкото
лице заверено кај нотар.

 

Почетна цена за закупнината на јавното
наддавање е 60 денари по квадратен
метар, а пријавите за учество на јавното
наддавање за предметните градежни
парцели можат да се доставуваат
најдоцна до 31 мај годинава до
Министерството за транспорт и врски.
Јавното наддавање ќе се одржи на 8 јуни
во просториите на Министерството за
транспорт и врски.

 

Со одобрувањето на урбанистичкиот
проект за “Ветропарк Гевгелија-Југ“ од
страна на Министерството за транспорт и
врски и објавениот оглас за давање под
закуп на државно земјиште за изградба на

Испрати коментар

Scroll To Top