Насловна / Архитектура / Подемот и падот на кулата

Подемот и падот на кулата

podemot_i_padot_na_kulata.jpgТри 99 катни кули се предвидуваат
за девет хектарската реперна
парцела во Општината Центар
наспроти хотелот „Холидеј Ин“
во Скопје. Тие треба да обезбедат
станбен, јавен, комерцијален и
деловен простор на оваа локација,
веќе наменета за облакодери по
урбанистичкиот план на Танге.

Другата локација е во Општината
Аердром, која треба да овозможи
изградба на кули со најмалку 33
катови, но не повеќе од 125 катови
височина со главно станбена и
деловна намена. Дури и да има
доволно финансиски средства да
се изградат, постои загриженост
дали ќе има доволно финансиски
средства за одржување на
објектите во наредните години.
Доколку нема континуиран
прилив на средства, овие објекти
од самиот почеток се осудени на
бавно и неизбежно пропаѓање.

 

Речиси и да нема град во
Република Македонија во кој
нема изградено барем една
„мини“ кула во текот на 50-тите
и 60-тите години од минатиоит
век, без оглед на тоа што тие биле
повеќе висококатни згради отколку
„вистински“ кули или „облакодери“.
По скопскиот земјотрес од 1963
година, дојде до распространување
на висококатните згради, иако
некои од нив беа преполовени во
висина кога биле изградени, како на
пример станбените кули изградени
како дел од се уште целосно
нереализираниот, Урбанистички план
на централното градско подрачје
на Скопје од 60-тите години,
според идеите на Кензо Танге. Овие
аспирации за висококатни објекти
во Скопје беа стивнати со Измените
и дополнувањата на урбанистичкиот
план на Град Скопје од 80-тите
години, со кои беше ограничена
висината на објектите на најмногу
8 ката. Помеѓу другите, имашe и
многу прагматични причини за ова
ограничување: имало само едно
противпожарно возило способно
да ги достигне овие објекти.
Како што скоро бесконечно
продолжува политичката,
економската и социјалната транзиција
во изминатите 20 години, така се
појавуваат нови корпорациски,
и јавни и приватни ентитети,
подготвени повторно да го отпочнат
освојувањето на урбаното небо над
Македонија.

 

Локалните медиуми во
земјата известуваат за амбициите
на опшините Центар и Аердодром,
обете дел од Градот Скопје, да
обезбедат сцена или лансирна рампа
за оваа вертикална експанзија.
Според локалните медиуми, три
99 катни кули се предвидуваат за
девет хектарската реперна парцела
во Општината Центар наспроти
хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје. Тие
треба да обезбедат станбен, јавен,
комерцијален и деловен простор
на оваа локација, веќе наменета
за облакодери во претходно
споменатиот урбанистички план
на Танге. Другата локација е во
Општината Аердром и се наоѓа до
бензиската станица на „Макоил“
каде се очекува три кули да се
изградат на градежна парцела од
околу 2 хектарa. Според Деталниот
урбанистички план, локацијата треба
да овозможи изградба на кули со
најмалку 33 катови, но не повеќе
од 125 катови височина со главно
станбена или деловна намена.
Воопшто не се сомневам дека
напредокот во светот во многу
случаи зависи од храбрите напори
на неколку лица со визија и токму
заради тоа е потребно да се
поддржуваат овие напори, колку
што е реално можно повеќе, од
страна на општеството како целина.
Исто така, важно е реализацијата
на овие визии да биде од
поширок интерес за општеството
и во целост да ги поддржува
определбите на концептот за
„јавно добро“. За да може ова да
се реализира, неопходно е сите
ние да се издигнеме над дневната
политика, да бидеме и внимателни
и реалистични за поширокото
опкружување пред да отпочнеме
да ги разгледуваме предностите на
предложените градежни зафати
на позитивен, но критичен начин.
Од 26-ти јули 2013 година, денот
кога ќе се одбeлежи 50-годишнина
од скопскиот земјотрес во 1963
година, не делат помалку од три
години. 50 години се долг период
и сеќавањата лесно бледнеат
за случката што од темел го
смени градот Скопје засекогаш.
Бидејќи постојат индикации, дека
меѓународниот научно-истражувачки
интерес за лекциите научени од
овој земјотрес се зголемуваат, се
чини дека ние во Македонија го
правиме токму спротивното, не само
занемарувајќи ги овие лекции, туку
исто така и преку лежерниот пристап
кон реалноста дека живееме во
регион подложен на земјотреси.
Во текот на дваесетиот век
територијата на Република
Македонија била подложена на
12 земјотреси ( во просек 1 на
секои 8,3 години) со магнитуда 6
или поголема, кои резултирале со
директни материјални штети како
последица од нив, од над една
милијарда американски долари
(според проценките од 1990
година).

 

Во доцните 90-ти години на
минатиот век, 28% од населението,
45% од производтсвото и 34%
од вработените во Република
Македонија биле лоцирани во
Скопје. Во 1991 година, по над 25
години напори за обнова и изградба,
само околу 29% од станбените
единици во Скопје биле изградени
според тогаш последните градежни
прописи за асеизмичко градење
од 1980 година. По скопскиот
земјотрес од 1963 година, со цел да
се намали сеизмичката повредливост,
властите ја зголемиле урбаната зона
на градот за трипати. Со Измените и
дополнувањата на урбанистичкиот
план на Град Скопје од 1980 година
било дозволено да се зголемат
густините, но овој тренд има
продолжено уште повеќе оттогаш.
Во моментов постои нестабилна
мешавина на зголемени густини,
невработеност и сиромаштија,
намалена свест за земјотреси,
веројатно помалку ригорозен надзор
врз проектирањето и изградбата, де
факто непостоечко осигурување од
земјотрес, слаба економија и јавни
власти со ограничени ресурси на
нивно располагање за да се справат
со која било вистинска кризна
состојба. Во овој контекст, станува
тешко да се согледа колку може да
биде одржлива за Скопје и Република
Македонија денес, опцијата за
изградба на шест кули во Скопје.
Не се сугерира да се скршат
соништата и сопре иднината, но
сите ние треба да разгледаме
дали сега е навистина
вистинското време
да се изградат шест
облакодери во Скопје.
Некој може да рече
дека нема соодветна
инфраструктура на
местото за нивната
реализација, и оваа
инфраструктура
не ги вклучува
кои било
нерасчистени
имотно правни
односи, што
се бара со
Деталниот
урбанистички
план,
политичката волја, или дали има
соодветни финасиски средства за
проектирањето и изградбата на овие
објекти. Инфраструктурата на која
се мисли е уште пофундаментална.

 

Какви ќе бидат краткорочните и
долгорочните последици од овие
објекти на локалитетот? Колку
повеќе патувања, пешачење, со
јавен сообраќај или со автомобили,
ќе се генерираат како резултат од
изградбата? Дури и да има доволен
број на паркинг места на овие
парцели, луѓето што ќе работат тука
ќе треба да дојдат и да заминат од нив,
создавајќи уште поголем сообраќаeн
метеж. Дали има доволно слободен
капацитет во постоечката градежно
инсталациона инфраструктурнpodemot_i_padot_na_kulata2.jpgа
мрежа (на пр., вода, дождовна и
фекална канализација, електрична
енергија, итн.), за да одговори на
побарувањата од илјадници лица
кои ќе живеат или работат на овие
локации? Според кои градежни
прописи овие облакодери ќе бидат
испроектирани и изгрaдени, и од
кого? Постојните прописи веројатно
се соодветни за ниско до средно
високи објекти, но спeциаjaлизирани
прописи се потребни за оние
високите, особено во однос
на противпожарната заштита.
Истражување на „Нациoналниот
истражувачки совет на Канада“ од
1977 година укажало дека околу
3% од вработените во висококатни
деловно-админстративни објекти
или не можат или не смеат да бидат
евакуирани преку противпожарните
скали во овие објекти.
Тука спаѓаат работоспособни лица кои не можат
да се евакуираат заради срцеви
заболувања, неодамнешни операции
или повреди. Како овие 3% од 6-те
облакодери ќе бидат евакуирани
само со едно противпожарно
возило, кое може да достигне
само до 8-от кат, доколку тоа се
уште е случај. По евакуација од
вистински пожар во 21 висококатен
деловно-админстративен објект во
Канада, 9% од лицата лоцирани во
највисоките делови на објектот не
биле во состојба да се евакуираат
до нивото на теренот во еден обид
без застанување.

 

Во зависност од
конечната намена на површините,
илjадници и илjадници луѓе ќе
живеат во овие објекти. На девет
или дво хектарските градежни
парцели речиси ќе нема место за
овие лица да се соберат, а притоа
да се овозможи да се одвиваат
сите потребни противпожарни
и спасувачки дејствија.
Врз основа на примери низ светот,
постојат и пасивни и активни
технoлогии кои можат да понудат
дополнително ниво на заштита на
висoкокатните објекти од земјотреси.
Основната цел на проектирањето на
објекти во земјотресни подрачја е тие
да бидат проектирани на таков начин
носечката конструкција на објектот
да може да го издржи ударот.
Ова вообичаено не го спречува
можното рушење на неносивите
градежни елементи. Како резултат
на ова, опкружувањето на објектите
веројатно ќе биде ризична зона
за рушeње дури и
во случај кога
конструкцијата на објектот не е
загрозена. Големината на ризичната
зона може значително да се зголеми
во случај на појава на експлозија
или пожар во објектот, а како
последица на земјотресот.
Дури и да има доволно финансиски
средства да се изградат, постои
загриженост дали ќе има доволно
финансиски средства за одржување
на објектите во наредните години.
Хјуз и др. (2004), утврдиле дека
просечниот сооднос помеѓу
чинењето на изградбата наспроти
чинењето на одржувањето и
тековната употреба на објектот
наспроти чинењето на работењето
на претпријатието е 1:0,4:12, врз
основа на просек од три деловно-
админситративни објекти со
површина помеѓу 4.000 и 20.000
квадратни метри со 300 до 1.600
вработени, за времетраење на
25-годишниот животен век на
објектот. Ако се земат предвид
слични соодноси, за секое 1
евро за изгрaдба треба да се
извојат дополнителни 40 центи за
одржување и тековна употреба
на објектот за наредните 25
години. Доколку нема континуиран
прилив на средства овие објекти
од самиот почеток се осудени на
бавно и неизбежно пропаѓање.
А потребни се години и чини
милиони да се преселат, испразнат
и да се срушат кулите.

 

Погледајте
ги примерите на многу локални
власти во Обединетото кралство
кои се обидуваат да ги срушат
висoкокатните станбени кули кои
веќе влегле во циклусот на пропаѓање
и неодржување, како резултат
на несоодветно финансирање за
капитално одржување и немоќноста
на станарите да придонесат
повеќе за нивното одржување.
Сонот за скопскиот „Менхетен“
ќе може да се реализира само
доколку има исклучително
богати лица подготвени да ги
плаќаат високите месечни
сметки за одржување. Не
е издржано да се градат
облакодери за во
нив да живеат оние
што се послабо
ситуирани, од
проста причина
што тие нема да
бидат способни
да ги платат
потребните
месечни
сметки за
одржување.
Исто така,
не може да
се очекува
дека ќе
биде исплатливо за јавните служби
да ги изнајмуваат или да бидат
сопственици на овие објекти, со
оглед на тоа што е тешко да се
види како ќе бидат финансирани
од даночниот обврзник, веројатно
најскапите простори во градот.
Објектите од овој вид претставуваат
огромен товар на сегашните и
идните ресурси, особено во однос
на потрошувачката на енергија. Затоа
е важно тие да бидат проектирани
со почитување на принципите на
енергетска ефикасност и еколошкиот
пристап.

 

Неодамна завршената
42-катна „Страта тауер“ во Лондон
со 420 стана, наменета да обезбеди
еколошки одржливо и финансиски
пристапно домување, е позната
по трите големи турбини на ветер
на врвот на објектот што треба да
произведат 8% од електричната
енергија потребна на станарите,
кога ветерот дува од соодветната
насока. Веројатно ќе биде добро
да се разгледаат подетално овој и
слични примери кои ги комбинираат
принципите на енергетска
ефикасност со станбена намена, за
да се утврди како тие се однесуваат
во текот на одреден временски
период и поуките што произлегуваат
од ова да се земат предвид при
носењето на идни одлуки, наместо
да се учи од сопствените искуства.
Според појдовните извештаи во
медиумите, изгледа дека „Страта
тауер“ не е без проблеми во првите
два месеца по завршувањето
на објектот чија конструкција
чинела 113 милиони фунти.
Сакале или не, денес, Република
Македонија не е богата земја
и ние треба да го признаеме
ова соодветно преку високи
аспирации и ниска градба,
барем во догледна иднина.
Д-р Владимир Б. Ладинс ки

 

Испрати коментар

Scroll To Top