Насловна / Дневни Вести / Нова винарија во Градско

Нова винарија во Градско

nasa_vinarija.jpgВинаријата „Стоби“ денеска свечено ќе биде отворена, а со тоа ќе се заокружи и производствениот инвестициски циклус.
Производството на Винаријата Стоби исклучиво се базира на грозје од сопствените лозови насади, по најсовремени стандарди пропишани од Европската Унија, како и органска заштита на грозјето и постојана строга контрола од страна врвните македонски енолози.

Вкупната досегашна инвестиција за остварување на полниот циклус на производството во винаријата изнесува над 20 милиони евра за капацитет од 4.4 милиони литри. Со самото тоа Винаријата Стоби има најголема инвестиција по литар (2.2 евра по литар).
Свеченоста предвидува официјално пуштање во употреба на производниот капацитет со свечено сечење лента, разгледување на примарното и секундарното производство.
На свеченоста е предвидено да присуствуваат највисоки државни претставници, како и претставници на локалната самоуправа, деловни партнери, претставници на дипломатскиот кор, медиуми и други гости. (Нетпрес)

 

nova-vinarija.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top