… ЗА 3 НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ПРИЛЕП
Во прилепската населба Варош привршуваат последните градежни работи околу изградбата на амфитеатарот, кој треба да биде пуштен во употреба на 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. Амфитеатарот во византиски стил е целина со туристичката патека долга 2,5 километри која ги поврзува повеќето варошки цркви.
-Со изградбата на амфитеатарот и туристичката патека се заокружува планот на локалната самоуправа за популаризација и развој на манастирскиот туризам затоа што Варош навистина има што да му понуди на секој посетител на Прилеп, смета градоначалникот Марјан Ристески.
Амфитеатарот, кој го градат мајстори од Мала Преспа, зафаќа простор од околу 2.000 м2. Тој се предвидува да се користи како мултимедијална сцена за културни и музички манифестации.
П.Д.
Објавено во број 93.