Кочани – Градежна механизација на „Бетон“ од Скопје денеска ги почна работите за полнење на браната Кнежево од Хидросистемот „Злетовица“. Од изутрината се врши постепено бетонирање на првиот чеп од браната, по спуштањето на затворачите од браната Кнежево.
Според Стојан Миланов директор на Јавното претпријатие Хидросистем „Злетовица“, досега се преземени сите поотребни активности за полчнење на браната, кое ќе се официјализира во понеделник на 19 јули 2010 година, во присуство на ресорниот министер за земјоделство и преставници на Владата.
Висината на каменонасипната брана кај Кнежево е 75 метри со должина на круната 300 метри. Ќе акумулира 23,5 милиони метри кубни вода, а акумулацијата е долга 4 километри. Со ова првата фаза од Хидроисистемот „Зелетовица“ кој опфаќа изградба на пристапен пат, брана со придружни објекти, цевковод и СКАДА систем е завршена во рекордно кус временски период. За оваа прва фаза е користен јапонски кредит од 80 милиони долари. По искористувањето на кредитот од октомври оваа година следува првата рата на негова отплата. (МИА)