Насловна / Дневни Вести / Почна изградбата на локалниот пат Старо Нагоричане

Почна изградбата на локалниот пат Старо Нагоричане

staronagoricane30large.jpgКуманово – Со симболично пуштање на механизацијата на терен денеска почна изградбата на патот Старо Нагоричане – Никуљане на територијата на кумановската општина Старо Нагоричане. Средствата за изградба на патот се обезбедени од Владата на Република Македонија преку Агенцијата за државни патишта.

– Патот во должина од 3.800 метри ќе се асфалтира во две фази со средства од Агенцијата за патишта. Првата фаза предвидува патот да се изгради во должина од 1.800 метри во рок од 45 дена, а втората фаза ќе се реализира во текот на годината. Патот ќе биде со широчина од шест метри, од кои четири метри коловоз. За општина Старо Нагоричане, Владата обезбеди 700 евра за водоводна и канализациона мрежа, како и 300 илјади евра за изградба и реконструкција на комуналната инфраструктура, пред се на локалните патни правци, изјави градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ.

 

Со изградбата на овој локален пат ќе се обезбеди подобро поврзување на двете населени места. Според проценките на локалната самоупрва Старо Нагоричане, изградбата на патот треба да се заврши до втората половина на август годинава кога е предвидено негово свечено пуштање. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top