Насловна / Вести / Игротека во Панчево инспирирана од циркус

Игротека во Панчево инспирирана од циркус

Le Petite Circus, кафуле-игротека за деца, со разиграни бои и интересни форми, посетителите ги пренесува во атмосферата на уникатна циркуска забава, каде што неверојатното станува возможно. Уживање за деца и возрасни, ентериер инспириран од циркус, овозможен со проект кој ги комбинира барањата за функционалност и безбедност со светот на детската имагинација.

1

Проектирањето на простори наменети за детски престој може да биде забавно, но во исто време е одговорен и предизвикувачки процес. Потребно е знаење, посветеност и имагинација за да се создаде средина која е безбедна, инспиративна и флексибилна, а на архитектите од белградското студио А4 не им недостасувало ништо од тоа. Le Petite Circus е кафуле-игротека во која уживаат и децата и возрасните, со леснотија што се чувствува во овој разигран ентериер.

4

Пренамената на семејна куќа во старото јадро на Панчево имала за цел да создаде мултифункционален простор за играње и прославување на детски родендени. Некогаш приземен објект со неколку простории и одвоено поткровје, со овој проект е реконструиран и обединет во отворен простор со галерија. На 140 квадратни метри внатрешен и 180 надворешен простор има зони за седење, прослави и игра.

3

Темата на циркусот испратена е во ентериерот со огномет од бои, бројни типични детали, сводови кои потсетуваат на шатор и весели дезени, обезбедувајќи им на децата средина која ги анимира сите сетила и ги пренесува во уникатната атмосфера на патувачката земја на чудата.

Функционално, игротеката се состои од влезен простор со гардероба од кој се влегува во кафе-бар – простор за одржување прослави и место каде родителите можат да ги чекаат децата и галерија до која се пристапува со скали, искористена како простор за складирање. Во дворот, покрај просторот за седење, има и зелена површина со рид, тунел и мобилијар погоден за игра на отворено.

5

Централната зона на игротеката е со двојна висина и доминира во просторот со својот колорит, форма и содржина. Повеќе различни микроцелини ги повикуваат децата на интеракција, поттикнуваат истражување и им дозволуваат слободно да се движат.

Користените материјали се погодни за деца и формираат удобна и безбедна средина за игра. Светли бои, геометриски дезени и разновидни текстури внесуваат динамика во просторот, што ќе го стимулира и воодушеви секое дете.

6

Просторот на кафе барот е вешто комбинирање на стилови, форми, бои и материјали во повеќе различни амбиенти во еден простор. Дрвото и тулата, доминантните материјали, носат топла и пријатна атмосфера, додека црно-белите подни плочки, како шах, ги воведуваат посетителите во играта. Дрвените столчиња во различни бои шармираат со својот ретро стил, а индустриските светлосни елементи му даваат дополнителен акцент на овој автентичен простор. Галеријата е проектирана како флексибилен отворен простор кој овозможува да се одвиваат активности и може да се прилагоди на различни барања.

0

8

Испрати коментар

Scroll To Top