Насловна / Арт и дизајн / Игрива интерактивна светилка во форма на апстрактна птица

Игрива интерактивна светилка во форма на апстрактна птица

UmutYamac1
Светилката „Гранка“ e светлосен дизајн со кој може да си играте. Таа е обликувана во форма на мала, апстрактна птица која стои на гранка. Нејзин изумител е дизајнерот и архитект од Лондон, Umut Yamac, кој создава дела кои се инспирирани од традиционалните материјали како метал искомбиниран со кревкиот материјал – хартија.

UmutYamac2 UmutYamac3 UmutYamac4
Оваа балансирана светлечка скулптура е направена од свиткана архиварска хартија, LED диоди и месинг, а е осветлена преку контакт со месингот. Уредот останува мирен, додека не го разниша нежен ветар или допир, кој го оживува и „птицата“ почнува да се клати.

UmutYamac5 UmutYamac6 UmutYamac7
За својот дизајн, Yamac  кажува: „Вистинскиот дизајн добива на квалит откако ќе се стави во релација со корисникот и желбата да се понудат различни нивоа на комуникација, од чиста функционалност кон игривото и имагинарното“.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top