Стимулирање на млади умови и тела преку обезбедување на часови и часови имагинативна игра е единствената цел на необичната игротека „Пет полиња“ лоцирана во истоимената заедничка зона на соседството во Лексингтон, САД. Авторите од MATTER DESIGN + FRISCH добиле задача да создадат игротека која ќе ги собере децата од околината во слободна и безбедна игра, притоа развивајќи ја нивната љубопитност и креативност.
Комплетно изградено од дрво и поставено на кос терен, структурата на игралиштето „Пет полиња“ е прилагодена на малите деца и нивната голема имагинација, со врати, скали и ходници кои не водат никаде, туку каде преку активности и сопствена креативност ги поврзува во безгрижен свет на игри.
Проектот „Пет полиња“ е урбан мобилијар за детска игра и истражување. Авторите сакале да избегнат стандардизација во корист на слободна употреба и непречена игра. Ова необично игралиште ја поттикнува и негува имагинацијата и креативноста на децата и возрасните, преку откривање на просторот. Тој е првенствено наменет за детска игра, но дизајниран е така што возрасните можат да се сеќаваат на своето детство и да уживаат со децата во безгрижната игра и истражување. Главните цели се споделување среќни моменти, развивање на имагинација, истражување и игра, како и развивање на колективен дух.
Игралиштето се наоѓа на локација која има богата историја. Изградено е на парче земја што заеднички ја користат жителите на лексингтонската четврт „Пет полиња“ (Five Fields) уште од 1950-тите години, кога бирото The Architects Collaborative (TAC) ја одвоило оваа парцелата со намера да го поттикне развојот на колективниот дух на жителите со создавање простор за собирање.
Од самото основање, заедницата се грижила за ова земјиште и го почитувала како целина. Со овој проект, авторите на детското игралиште сакаат да го одржат жив духот на заедницата и заедништвото. Во таа смисла, игралиштето Five Fields е споменик на колективното експериментирање. Неговата цел е да го развие истражувачкиот дух, имагинацијата и креативноста на детето.