Билјана и Братислав Бранковиќ се архитекти од Белград кои пред повеќе од една деценија добиле драгоцена можност да работат со деца и млади луѓе, и оттогаш архитектурата и децата одат рака под рака во нивните животи.
Резултат на нивната долгогодишна работа на архитектонска едукација на деца се играчките аrchiPlay. Тие за својот производт велат: „Имавме среќа да бидеме поканети од Белградската меѓународна недела на архитектурата, да осмислиме и водиме архитектонски работилници и едукативни програми за деца. Во текот на повеќегодишна едукативна работа, дизајниравме и развивме многубројни алатки за работа кои ги користевме за да им ја доближиме на децата тематиката на просторот, градот, архитектурата, дизајнот. Во еден момент сфативме дека во нив има пазарен потенцијал и решивме да создадеме бренд кој ќе понуди високо естетизирани производи за учење преку игра“.
Брачниот пар Бранковиќ сметаме дека со развивање на детската свест за просторот и градот, може позитивно да се влијае на создавањето на нови генерации граѓани одговорни за својата околина. По долгогодишно делување во архитектонската едукација и развојот на алатки и показни сретства за работа со деца, одлучиле низата прототипи создадени за потребите на детските работилници да ги обликуваат во производи.
Резултатот е брендот на дизајнирани играчки аrchi PLAY, кои покрај интелектуално-моторичкиот и креативен развој, овозможуваат усвојување на естетските вредности и принципи и развивање на интерес за сопствената средина на конструктивен начин.
Во зависност од начинот на употреба и едукативната цел, играчките аrchi PLAY се изработуваат од полно дрво, фурнир, плочести материјали на база на дрво (шпер плоча, лесонит), плексиглас, картон.
Играчките се настанати низ едукативен процес, на нив покрај архитекти, работеле и педагози, учители, дефектолози и имаат висок развоен потенцијал.
Архитектите велат: „За децата многу креиравме. Од децата многу научивме. Во текот на годините на едукативна работа, идеите, концептите и прототипите се множеа. Ги обликувавме, опремивме, спакувавме и ги именувавме archi PLAY. Во нив е сумирано искуството и љубовта што ги вложивме во работата со деца“.
Дизајниран и произведен во Србија, аrchi PLAY е храбар бренд на едукативни играчки наменети за слободна игра како највреден извор на детското знаење и искуство. Архитектонските играчки развиваат довитливост, поимање на просторот, апстрактно размислување и способност за креативно решавање на проблемите.
Повеќе за аrchi PLAY можете да видите тука.