-->
-->
Насловна / Архитектура / ИГМ МЛАДОСТ: Современа технологија за модерна архитектура

ИГМ МЛАДОСТ: Современа технологија за модерна архитектура

ИГМ МЛАДОСТ е еден од најголемите и најзначајните производители на градежни материјали во регионот на Балканот и во Југоисточна Европа со традиција долга над 113 години.

Добро познато име на пазарот, синоним за квалитетни ќерамиди и блокови за ѕидање и меѓукатни конструкции, кои покрај тоа што се присутни на домашниот пазар, благодарение на нивниот квалитет, го најдоа патот до задоволни корисници на многу пазари: Македонија, Бугарија, Романија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словачка, Црна Гора, Русија, Полска, Германија, Франција и Белгија.

Високиот квалитет, исплатливоста и одржливоста се главните приоритети во денешната градежна индустрија, но само некои компании успеваат да одговорат на сите овие барања. ИГМ МЛАДОСТ успешно одговара на сите три предизвици – и повеќе од тоа!

МЛАДОСТ СИСТЕМ НА ГРАДБА

Користејќи ја најсовремената технологија и знаењето на најдобрите стручњаци во областа, Младост енергетските глинени блокови овозможуваат енергетска ефикасност на објектите во кои се вградени. Тие се модерно и еколошко решение кое гарантира постојаност и долговечност, здрава просторна микроклима и безбеден дом за идните генерации. Тие се вградуваат во системи кои заштедуваат енергија и обезбедуваат заштеда на времето за изградба до 35 %.

ЕНГОБИРАНА ЌЕРАМИДА НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА – СОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА

Единствената комбинација на модерни технологии и традиционални материјали обединети во ќерамида од новата генерација која носи многу предности во споредба со натурќерамида.

Што е енгоба:

Енгоба е мешавина на уситнета глина и оксиди на различни метали. Се нанесува на површината на сувиот производ по пресување, а пред процесот на печење. На самата ќерамида претставува заштитен и декоративен слој.

Енгоба на ќерамидата и дава подолг век на траење во однос на ќерамидите кои се фарбаат.

По нанесувањето на енгоба со производна лента ќерамидата се носи во печка на печење на температура од 1080 С.

ПРЕДНОСТИ НА МЛАДОСТ ЕНГОБИРАНАТА ЌЕРАМИДА НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА

Ќерамидите од глина МЛАДОСТ PRO 10 и PRO 12 се производи од природен материјал без хемиски адитиви.

Со користење на висококвалитетна глина од лесковачката долина во најсовремен технолошки процес, се постигнуваат исклучителни механички својства на ќерамидите, што придонесува за стабилност и безбедност на целиот покрив.

Со различни дизајни и бои се обезбедуваат врвни решенија на енергетска ефикасност за сите облици на покриви.

FUTURA PRO® СОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА

Futura PRO® е ќерамида со рамни и елегантни линии што целосно го следи стилот на 21 век. Нејзината јасна структура и модерен дизајн во комбинација со најсовремената технологија на производство и употребата на најквалитетна енгоба одговара на барањата на модерната архитектура.

www.mladost.co.rs.

*Комерцијален текст

Испрати коментар

Scroll To Top