Меѓународната финансиска институција IFC, одобрила кредит во висина од 60 милиони евра на компанијата „Дреник НД“ во Србија. Корисникот ќе изгради постројка за истовремено производство на електрична и топлинска енергија (CHP), која ќе работи на биомаса, и дека ќе го рефинансира долгот и ќе го зајакне обртниот капитал.
Оваа компанија е најголем производител на тоалетна хартија во земјата. Управува со една фабрика во Белград, во индустриската зона Крњача, каде и се планира изградбата на новата постројка, и со уште еден погон во Унгарија. Постројката ќе биде најголема од овој вид во Србија, со 8MW капацитет за производство на електрична енергија, со 16t/h пареа. Идејата е да се обезбеди електрична енергија за сопствени потреби и да се намали потрошувачката нa природен гас. Системот е проектиран да троши 12,45 тони отпадна дрвна маса на час, која ќе се собира меѓу другото и од јавните зелени површини.
Првиот CHP систем на биомаса во Србија е пуштен во погон во 2019 година во Бољевац, кој има капацитет од 2,4MW електрична и 8,3MW топлинска енергија.