Според британските закони, одборниците, членови на локалниот “Комитет за планирање”, се оние што ги носат одлуките за тоа дали еден проект ќе добие урбанистичка согласност или не, а на предлог на стручната служба за “Контрола на развојот”. Одлуката на одборниците може да биде во согласност или спротивно со препораките на стручната служба, а во одредни случаи кога одборниците сметаат дека немаат доволно информации за носење на одлука можат да побараат дополнителни информации, увид на терен и сл. На овој начин се обезбедува демократските избрани претставници, одборниците, да решаваат за најзначајните проекти од интерес за пошироката заедница, како и за оние поконтраверзни проекти. Во одредени случаи на помали, неконтраверзни проекти за кои нема негативни или валидни коментари, одлуката, според делегирани права, можат да ја носат директно и стручните служби.
Повеќе во број 126, Петок 12.03.2010 г.