Насловна / Вести / Милано најевропскиот град во Италија

Милано најевропскиот град во Италија

milano_thumb.jpgГрад
кој лежи под Алпите.
Основан од Етрурците
во 600 година пред
нашата ера, а освоен од
Римјаните 222 година
од нашата ера, Милано
е повеќе од само главен
град на Ломбардија.
Тој е вториот град по
големина по Рим, и
претставува еден од
водечките светски
деловни, културни и
економски центри.
Неколку светски
историски градби се
наоѓаат во самиот
центар. Милано е град
кој целиот пулсира
од возбудувања,
а продавниците и
облакодерите му
даваат единствена
фасцинација. Неговиот
најголем и, според
некои, веќе надминат
ривал е Париз.

Милано е главниот град на
регионот Ломбардија, втор
по големина и еден од
најважните градови во Италија.
Потесниот град има околу
1.321.113 жители, а со околината е
проценета на 4.280.820 жители на
површина од 1.980 км², и е еден од
најразвиените центри во Европа.
Во центарот на градот се наоѓаат
импресивни објекти поради кои
многу луѓе од светот доаѓаат да ги
видат, па така и ние како екипа на
нашето списание „Порта3“ и на
„Биро Проект“ го посетивме градот
на гламурот, каде се одржуваше и
престижниот саем за мебел Salone
Internazionale del Mobile. Во една
смисла, Милано претставува магнет
за дизајнери, архитекти, бизнисмени,
мода, фотогографи, модели.
Ако Рим ја претставува „старата
Италија“, Милано ја презентира
„новата“. Космополитски град,
најмодерен од сите италијански
градови, каде и атмосферата
е поинаква во секаква смисла.
Турбо активен живот, преполните
улици, густиот сообраќај, метроата,
ексклузивните излози…
Кога ќе се спомене Милано, веднаш
се помислува на миланската
Катедрала, миланската опера Скала,
гламурозниот трговски центар
Виктор Емануел, замокот Сфорца,
црквата Санта Мариа де ла Грацие,
стадионот Сан Сиро, кулата Пирели,
уметничката галерија Брера,
популарната модна улица Монте
Наполеоне… Да почнеме по ред.

milano_1.jpg 

Миланска катедрала
на плоштадот Дуомо

Возејќи се со црвената линија
на метрото за да стигнеме на
плоштадот Дуомо, качувајќи се по
скалите за излез од подземјето,
неочекувано зад нас на неколку
метри ја здогледавме грандиозната
катедрала која не остави без здив.
Вистински религиозен симбол
на градот изработен од мермер
(157 м долга и 92 м широка);
трета по големина во Европа,
веднаш после катедралата Св.
Петар во Рим и катедралата во
Севиља. Претставува најсовршен
пример на готичката архитектура
и уметност во Италија. Градбата
поминала низ долг и комплексен
процес. Започнала да се гради
во втората половина на 14 век, но
нејзиното создавање траело уште
5 века; поточно во 1386 година
по цртеж на непознат архитект
од готската школа, а по наредба
на архиепископот Антонио да
Салуцо, кој бил поддржан од Галеацо Висконти (војвода кој
владеел во тој период со градот
Милано сè до почетокот на
ренесансата). За неколку години
било завршено подножјето на
катедралата. Големите трошоци
за работите околу нејзината
конструкција биле помогнати од
богатите семејства (не само од
Милано), од придонеси на самите
граѓани, но најмногу од фамилијата
Висконти, а подоцна и од познатата
фамилија Сфорца. После период
на стагнирање во 1547 година е
изградена спектакуларната тераса
на кровот, од која денес може да
се восхитуваме на убавините на
градот. Фасадата била замислена
во стилот на готиката, но во 17 век
била траснформирана во барокен
стил, за во 1805 година според
оригиналниот цртеж и по наредба
на Наполеон, да биде конечно
завршена во оригиналниот готски
стил. Фасадата е изработена од
мермер на која има 135 врвови,
3.255 статуетки и 3.600 сцени
и фигури на прозорците. На
највисокиот врв од катедралата,
на 108,5 м се наоѓа симболот на
градот – барокната статуетка од
злато Madonnina (Девица Марија)
која е висока 416 см. Катедралата
се состои од централен брод со
по два бочни бродови поделени
со 40 пиластри и трансепт.
Внатрешноста е пространа и во неа
доминираат големите прозорци со
витражи, но е потемна во однос
на светлата надворешност.

milano_2.jpg 

Трговски центар
Виктор Емануел

Галеријата, односно трговскиот
центар Виктор Емануел претставува
затворен пасаж кој ги поврзува
плоштадот Дуомо и плоштадот
Скала. Започнат е во 1865
година во име на првиот крал
на обединета Италија, Виктор
Емануел. Галеријата се градела
12 години според планот на
архитектот Џузепе Менгони, кој
загинал на скеле дента пред
инаугурацијата на објектот. Во чест
на овој голем архитект е поставена
плакета на левиот столб од лакот
на самиот влез од страната на
плоштадот Дуомо. Галеријата
има форма на крст со иновативна
купола од стакло и железо која е
висока 47 метри. Во неа имавме
можност да ги разгледаме
ексклузивните ресторани, кафе
барови, книжарници, продавници
за накит и ексклузивните
продавници на Прада, Луј Витон,
Масимо Дути, Гучи…

 
milano_3.jpg

Операта Скала

Како се движевме низ Галеријата
Виктор Емануел, патот нè однесе
директно до елегантниот плоштад
Скала, во чие средиште се наоѓа
споменикот на Леонардо да Винчи.
Спроти него се наоѓа прочуената и
престижна миланска оперска куќа
Скала. Изградена е на темелите на
црквата Санта Мариа а ла Скала, па
според тоа го задржала и нејзиното
име. Отворена е на 3 август 1778
година според планот на Џузепе
Пјермарини во неокласичен
стил. За разлика од одмерената
и воздржана надворешност,
ентериерот се карактеризира со
голема раскошност. Има 2.800
седишта, од кои 678 се во партер
ложа, и сцена во должина од
16,5 метри, 20,4 метри ширина и
26 метри висина. Најпознатите
италијански изведувачи, како и
повеќето најпознати пејачи ширум
светот се имаат појавено во
операта во изминатите 200 години.
Премиерно се одиграни многу
од познатите опери во светот.
Оперската куќа имала посебен
однос со композиторот Џузепе
Верди, каде што тој го диригирал
неговиот „Реквием“ во 1874
година, тука ја промовирал операта
„Отело“, како и неговата последна
опера „Фалстаф“. Тука треба да се
споменат и премиерите на Џакомо
Пучини со „Мадам Батерфлај“ и
„Турандот“. До ден-денес, сè уште
е препознатлива како една од
водечките куќи за опера и балет
во светот. Во склоп на објектот
се наоѓа и музејот на операта,
исполнет со документи, слики,
гардероби, инструменти, портрети,
кои ја покажуваат нејзината богата
историја и учеството на светски
реномираните артисти. Ако сте
љубител на оперската уметност
(но и да не сте, незаборавно
искуство е да се доживее самиот
момент), може да купите карта
која чини од 26 евра до 224 евра,
и да бидете дел од магичната
атмосфера на најпознатата
оперска куќа во Европа.

 
milano_4.jpg

Замокот Сфорца

Заедно со Катедралата,
замокот Сфорца е несомнено
најавтентичниот и најпознат
симбол на Милано. Изграден е
по наредба на Галеацо Висконти
помеѓу 1360 и 1370 година, и е
заштитен од четирите страни со кули. Филипо Мариа Висконти
подоцна ја претворил тврдината во
резиденција, формирајќи и парк
околу неа. Но, по неговата смрт
во 1447 година и по формирање
на Амброзиската република, тој е
уништен, а е реновиран за време
на владеењето на Франческо
Сфорца во средината на 15 век од
архитектите Ферини и Филарет.
Обликот на објектот ја задржал
средновековната концепција.
Денеска импресивните простории
на замокот претставуваат музеј
каде што се наоѓаат скулптури,
фрески и мозаици од 4 до 11
век, потоа музички инструменти,
недовршената мермерна статуета
Пиета Ронданини на Микеланџело
од 1564 година, колекција од мебел,
скулптури и слики од Филипо Липи,
Мантења, Леонардо да Винчи,
Кореџо, Тицијан, Тинторето…

 

Црквата Санта Мариа
деле Грацие

Црквата Санта Мариа деле Грацие
претставува славна доминиканска
црква, која е заштитена од УНЕСКО,
а нејзината слава се должи и поради
фреската „Тајната вечера“ на
Леонардо да Винчи, која се наоѓа
во трпезаријата на овој ансамбл.
Миланскиот војвода Лудовико
Сфорца ја нарачал изградбата
на црквата што ќе послужи како
надгробна капела за него и неговата
сопруга Беатриче. Црквата прво е
градена во готски стил, а подоцна
таа е довршена како мешавина
на готско-ренесансен стил.

 
milano_5.jpg


Кулата Пирели

Кулата Пирели е изградена во
1955-1959 година, на место на
старата фабрика „Пирели“ од 1872
година. Таа е највисок облакодер
во Италија, а е проектирана
од Џо Понти во соработка со
архитектите Росели, Валтолина
и славниот Пјер Луиџи Нерви.
Објектот претставува автентичен
симбол на Милано. Изграден од
армиран бетон со висина од 127
метри, познат е по елегантната
и едноставна линеарност на
модерните архитектонски форми.

 

(Во следните броеви на
Порта3 ќе следува специјална
репортажа од овогодишниот
милански Саем за мебел
Salone Internazionale del Mobile)

 

Испрати коментар

Scroll To Top