Според новиот извештај на Меѓународната агенција за енергетика (IEA) бројот на работни места во глобалниот енергетски сектор забележал раст во 2022 година, со оглед на се поголемиот број нови инвестиции. Имено, второто издание на Светскиот извештај за вработувањето во енергетиката, ја прикажува вработеноста во енергетскиот сектор по региони, гориво, технологија и синџир на вредности. Извештајот е основа богата со податоци за креаторите на политики, индустријата, работниците и академската заедница, за разбирање на влијанијата на транзицијата кон „чиста“ енергија.
Според овој извештај, глобалната вработеност во енергетиката пораснала на 67 милиони луѓе во минатата година, што е зголемување д 3,5 милиони во однос на периодот пред пандемијата. Повеќе од половината од растот на вработувањата во текот на овој период биле во само пет сектори: соларна енергија, ветер, електрични возила и батерии, топлински пумпи и ископување на критични минерали. Од петте сектори, соларната енергија и далеку најголем работидавач, со четири милиони работни места. Што се однесуваа до оделни региони, односно земји, Кина има најголем број работни места во енергетскиот сектор. Но, се поголем број енергетски индустрии истакнуваат дека има недостаток на квалификувана работна сила, бидејќи бројот на работници кои стекнуваат серфтификати и дипломи релевантни за секторот не го следи со исто темпо развојот на овие индустрии.
Се очекува се поголемата побарувачка на работници во областа на “чистата“ енергија да продолжи, и дека таквиот тренд ќе ја надмине загубата на работни места во секторот на фосилни горива. Според ажурираното сценарио за нето нулта емисии до 2050 година, до 2030 година ќе бидат отворени 30 милиони нови работни места поврзани со енергетската транзиција, односно за секое изгубено работно место во врска со фосилните горива, ќе се отворат две нови во областа на „чистата“ енергија.