Амбициозниот проект кој со заеднички сили го спроведуваат Данска, Холандија и Германија, подразбира изградба на вештачки острови во Северното Море кои би биле „населени“ со ветерници и соларни централи, и кои би можеле во целост да обезбедат електрична енергија за дури 80 милиони луѓе. Веќе на 23 март во Брисел, две компании (од Данска и Германија) треба да потпишат договор по повод креирањето на одборот што ќе се посвети на остварувањето на овој план, а во присуство на првиот човек на европската енергетска заедница. На островот ќе се наоѓаат и пристаниште, аеродром, населба за вработените и сл.
„Можеби сега оваа идеја звучи како научна фантастика, но во иднина овој концепт може да ја направи енергијата од обновливи извори многу поевтина“, вели Нилсен, технички директор на данската партнерска фирма во проектот. Енергијата произведена на овие острови би била испорачувана во Велика Британија, Норвешка, Холандија, Германија, Данска и Белгија.
Брегот на Доџер во Северното Море се споменува како идеално место за изградба на овие вештачки острови бидејќи е на добра позиција со релативно плитка вода во опкружувањето и силно изложено на ветрови.
Извор: Independent