Двокатната деловна зграда успешно е изградена со помош на 3D печатач во градот Хејуан на југот на Кина, во провинцијата Гуандонг. Зградата е висока 7,2 метри, има површина од 230 квадратни метри, и изградена е со оваа нова технологија. На печатачот му биле потребни само 60 часа за да ја заврши работата. Со тоа, времето потребно за изградба е скратено од два месеци на само околу 5 дена, а трошоците се намалени за 40%. Предвидено е животниот век на објектот да биде до пет децении.