Насловна / Вести / Иднината пристигна – летечкиот автомобил го направи својот прв меѓуградски лет

Иднината пристигна – летечкиот автомобил го направи својот прв меѓуградски лет

Прототипот 1 на летачкиот автомобил „AirCar“, опремен со мотор БМВ и обично гориво од бензинска пумпа, го изврши првиот 35-минутен меѓуградски лет меѓу аеродромите во Нитра и Братислава.

За разлика од eVTOL (електрични вертикални авиони за полетување и слетување), кои се повеќе слични на големите беспилотни летала отколку на вистинските автомобили, „AirCar“ е вистински автомобил – и лета. Ова значи дека може да се користи за два вида на транспорт, и на пат како автомобил и како авион.

ErKar

Ова возило е развиено од компанијата „Klein Vision“ и беше претставено за прв пат во 2019 година. Прототипот 1 „AirCar“ го направи својот прв лет на крајот на 2020 година и оттогаш има 142 успешни слетувања и над 40 часа летање.

Последното, 142-то слетување беше извршено на 28 јуни по првото 35-минутно патување на далечина од меѓународниот аеродром Нитра до Братислава.

Професорот Стефан Клајн, пронаоѓачот на ова превозно средство и основач на компанијата „Klein Vision“, го возеше возилото во двата режима. Кога слета во Братислава, тој го претвори AirCar назад во автомобил – процес на влечење крилја и опашки што траеше помалку од три минути – и потоа го возеше во градот.

Првиот меѓуградски лет беше извршен со моделот „Прототип 1“, кој се напојува со мотор „БМВ“ со 160 коњски сили со фиксиран пропелер, а може да лета со максимална брзина од 190 километри на час. Во соопштението за печатот на компанијата „Klein Vision“ се забележува дека прототипот достигна висина од две и пол илјади метри и дека може, под надзор на Управата за цивилно воздухопловство, да направи стрмни вртења од 45 степени и да помине тестови за стабилност и ракување.

ErKar2

Според „Klein Vision“, овој вид на транспорт ќе го преполови времето на патување од многу едноставна причина. „AirCar“ ќе не однесе до аеродромот, каде што ќе го префрлиме во режим на лет и ќе го продолжиме патот.

„Klein Vision“ исто така верува дека во иднина „AirCar“ целосно ќе го приватизира воздушниот сообраќај, бидејќи секој што го поседува ќе може да вози до најблискиот аеродром и да се издигне на небото. Како и да е, реално гледано, се чини дека патот кон таквата иднина ќе биде долг и ќе вклучува сертификати, одобренија и, најверојатно, дозволи за пилот.

Прототипот 2 „AirCar“ ќе биде модел во претпродажба и ќе има мотор од 300 коњски сили со пропелер со променлив чекор. Треба да лета со брзина од 300 километри на час и да има опсег на летање од 1.000 километри. „Klein Vision“ се надева дека ќе можат да ги добијат потребните сертификати со цел да го регистрираат ова возило и како авион и како автомобил.

ErKar1

Компанијата планира да произведе две верзии, со две и четири седишта, а исто така се планира и модел што ќе може да плови. Се разбира, единственото нешто подобро од автомобил што може да лета е автомобил што лета и плови.

 

Испрати коментар

Scroll To Top