Насловна / Вести / Иднината на пазарот на трудот – зелената транзиција во фокусот

Иднината на пазарот на трудот – зелената транзиција во фокусот

Со цел да ги идентификува професиите и вештините кои ќе бидат најбарани во иднина, Светскиот економски форум го објави т.н „Извештај за иднината на работните места 2025“ (The Future of Jobs Report 2025). Овој документ се базира на сеопфатна анкета спроведена помеѓу глобалните работодавачи, односно над 1000 работодавачи кои заедно вработуваат преку 14 милиони работници во 22 индустриски кластери и 55 економии ширум светот. Резултатот е исклучително прецизна анализа на новите работни места и вештини кои ќе го обликуваат периодот од 2025 до 2030 година.

Согласно извештајот, климатските промени се на третото место меѓу клучните трендови кои во наредните пет години највеќе ќе го трансформираат работењето на глобално ниво. Професиите поврзани со овој тренд како инженери за обновливи извори на енергија, инженери за заштита на животната средина и стручњаци за електрични и автономни возила, се наоѓаат меѓу 15 најбарани професии. На второто место на трендови се наоѓа растот на трошоците на живот, при што половина од работодавачите очекува значително влијание врз пазарот на трудот. Тоа ќе поттикне побарувачка од креативно размислување, адаптирање, отпорност и агилни вештини. На првото место е трендот на ширење на дигиталните технологии. Дури 60% од работодавачите сметаат дека дигитализацијата значително ќе го трансформира нивното работење до 2030 година, а со тоа и пазарот на трудот.

Светскиот економски форум проценува дека работните места како административни помошници, службеници за поштенски и банкарски услуги, како и оператори за внес на податоци, ќе се соочат со најголем пад.

Испрати коментар

Scroll To Top