Со оглед дека витаминот Д е особено важен за заштита на здравјето, научниците од центарот John Innes, се обиделе да осмислат намирница која по пат на генетска модификација ќе стане побогата со витамин Д. Резултатот е генетски модифициран домат, исклучитело богат со витамин Д.
Притоа е искористен CRISPR (Clustered Regularly Interspaced Short Palindromic Repeats) системот за управување со гените, со цел во доматот да го исклучат специфичниот ензим кој го претвора претходникот нa витаминот Д (7-DHC) во други молекули. Без тој ензим, 7-DHC се акумулира во плодот на доматот и тоа во многу поголеми количини. Со цел 7-DHC да се претвори во витамин Д во самиот домат, потребно е да се изложи на UV светлина. Научниците утврдиле дека така изменетиот домат има витамин Д колку во 28 грама туна, а доколку е изложен на Сонце таа количина дополнително ќе се зголеми.
Во својата студија објавена во списанието Nature Plants, овие научници истакнуваат дека е можно приилагодување и на други билки, со цел да бидат побогати со витамини и минерали. Како пример го наведуваат компирот, кај кој би се спровела истата постапка како кај доматот.