Насловна / Вести / Иднината на енергијата од ветер – ветерни турбини без лопатки

Иднината на енергијата од ветер – ветерни турбини без лопатки

Стартапот од Глазгов, Katrick Technologies, развил иновативна технологија за производство на електрична енергија. Ветерните турбини наречени Wind Panel, по својата конструкција потсетуваат на саќе. За разлика од традиционалните ветерни турбини, Wind Panel користи осцилирачки крилца. Секој уред има шест канали во кои се сместени крилцата. Тие ја претвораат кинетичката енергија во механички осцилации, кои потоа се трансформираат во електрична енергија.

windpanel1

Инвеститорите во традиционалните ветерни електрани често се соочуваат со логистички и финансиски предизвици поради големата површина на земјиште потребна за поставување на турбините и високите цени за одржување. Наспроти тоа, во Katrick тврдат дека нивните турбини во облик на саќе се особено погодни за инсталирање во урбани средини. За разлика од конвенционалните решенија, Wind Panel има поширок опсег на брзини и правци на ветерот на помали височини. Wind Panel е конструиран во соработка со истражувачката организација Manufacturing Technology Centre (MTC).

windpanel2

Првата фаза од тестирањето е спроведена на Универзитетот во Глазгов. Инженерите кои работеле на развојот на прототипот очекувале дека ќе развие помеѓу 25 и 40 Wмоќност при брзина на ветерот од 12m/s. Но, Wind Power ги надминал овие предвидувања и достигнал во просек 41,1 W, при брзина од 10,2m/s. Претстојат уште две фази на тестирање. Во наредната фаза ќе се симулираат услови акко во природата. Во последната фаза, ќе се врши прилагодување на конструкцијата.

windpanel3

 

Испрати коментар

Scroll To Top