Владата на Словенија објави дека одобрила првични средства за лансирање на првите два сателити проектирани во Словенија, кои би требало да бидат испратени во вселената во првата половина на следната година со ракетата Vega од компанијата Arianespace. Се работи за микросателитот Nemo HD, изработен од словенечки инженери, при што 85% од средствата се добиени од ЕУ, а останатите 15% од државниот буџет. Сателитот има маса од 65kg, ќе ја снима Земјата од височина од 600 километри, и претставува дополнување на европскиот систем Copernicus. На тој начин Словенија ќе има сопствен извор на податоци за потребите на урбанизмот, екологијата, земјоделството, шумарството и сообраќајот.
Словенија, пред две години стана придружна членка на Европската вселенска агенција ESA, a работи и на добивање на полноправно членство. Освен микросателитот Nemo HD, со истата ракета, Словенија ќе го лансира и наносателитот Trisat со маса од 4,4 килограми. Тој ќе ја снима Земјата врз основа на мултиспектрално зафаќање на слики и краткобранов инсфрцрвен спектар, а треба да биде во употреба најмалку две години.