Во изминатите 5 години се случија многу работи во бизнис опкружу-вањето во Република Македонија, и во градежната фела, како главен сегмент на севкупната македонска економија. За последните пет години “Адора инженеринг” имаше активен развој во проектирање, изведување и продажба на недвижности. Се екипираше со стручен и искусен тим професионалци. Се стекнавме со сите потребни овласувања, лиценци, сертификати за квалитет на работа, и професионалност. Во последните осум години проектиравме, из-градивме, продадовме 500 високо функционални станови во Скопје. Како компанија, според класификацијата на Централниот регистар на РМ, веќе четврта година сме во 200-те најуспешни компании во Македонија. Тоа зборува дека нашиот животен и генетски слоган “Само делата се вистина” беше, и остана наше мото, а ѕвезда водилка “Градителите засекогаш остануваат градители”. Значи ништо немам ниту да додадам, ниту да одземам, секогаш останувам на кажаното, го следам патоказот, и патот што сметам дека е правилен.
Повеќе во број 125, Петок 26.02.2010 г.