Насловна / Архитектура / Идилична вила која ги спојува урбаните елементи со природата

Идилична вила која ги спојува урбаните елементи со природата

Главниот град на Виетнам стана побогат за уште еден прекрасен проект на урбана резиденција. Се работи за вила наречена Less House, потпишана од страна на архитектите од студиото Human Architecture. Објектот се наоѓа во предградието на Хо Ши Мин, кое, исто како и остатокот од градот, има проблем со загадениот воздух.

За да се справат со овој предизвик, архитектите направиле транспарентни ѕидови на објектот во чија внатрешност се наоѓа цел спектар на растенија и дрвја.вијетнам_6

На овој начин, просториите обезбедуваат доволен извор на природна светлина во текот на денот, но и елемент кој на растенијата им е потребен за производство на кислород.вијетнам_5

Според самите архитекти, идејата била да се создаде природна оаза во урбаната средина и на тој начин да се покаже дека можеме да живееме поблиску до природата и нејзиниот спокој, дури и ако сме во станбен кварт.вијетнам_4

Дизајнот и естетиката на оваа куќа се многу минималистички, како во екстериерот така и во ентериерот. Кога се работи за ентериерот, доминираат белите, сивите и нијанси на дрво, кои се хармонично усогласени со зеленилото што се наоѓа внатре.вијетнам_3 вијетнам_2 вијетнам_1

Испрати коментар

Scroll To Top