Насловна / Дневни Вести / Проект за обнова на фасадите во центарот на градот

Проект за обнова на фасадите во центарот на градот

stip1.jpgШтип: Општината ќе им понуди на потенцијалните инвеститори да ги обноват дотраените фасади, а за таа цел ќе добијат локации во централното градско подрачје и дел од споменатите фасади да ги искористат за поставување на реклами.

Општина Штип изготви идеен проект за реконструкција на фасадите во централното градско подрачје, односно реконструкција на предните фасади на дел од станбените згради на улиците: „Маршал Тито“, „Ванчо Прке“, „Јосиф Ковачев“, „Кирил и Методиј“ и предните фасади на зградите на Плоштадот „Слобода“.

По изготвениот проект од страна на Општината, беше спроведена граѓанска анкета, чии резултати покажаа дека станарите се согласуваат со реконструирање на фасадите и дека немаат ништо против искористување на дел од нив за рекламен простор.
stip3.jpg
Преку јавен повик, општината им понуди на потенцијалните инвеститори да ги обноват дотраените фасади, а за таа цел ќе добијат локации во централното градско подрачје, кои изобилуват со големи ѕидни површини, што би можеле да ги искористат за поставување на реклами, рекламни паноа и друг вид на урбана опрема во комерцијални цели.

Локацијата за обновување на фасадите на зградите се наоѓа во строгото централно градско подрачје каде што фреквенцијата на луѓе и движење е голема. Со тоа и со големите ѕидни површини на постојните згради оваа локација е доста атрактивна и примамлива за истакнување на реклами од страна на потенцијалните инвеститори. На овој начин би се обновиле постојаните фасади, централното градско подрачје би добило нов и урбан лик, а инвеститорите би добиле долгогодишно бесплатно рекламирање.

 

stip2.jpg
stip4.jpgstip5.jpgstip6.jpgstip7.jpgstip8.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top